Свет
Путин: Во Русија минатата година биле откриени стотици странски шпиони
Руските специјални служби минатата година отркиле неколку стотици шпиони што работат во служби на странски држави, кои се сè поактивни во земјата, изјавил рускиот претседател Владимир Путин.
„Благодарение на успешните специјални операции, за време на 2018 година спречени се активности на 129 кадри и 465 странски агенти“, рече Путин во обраќањето до претставниците на Федералната служба за безбедност (ФСБ).
Рускиот претседател нагласи дека странските разузнавачки служби сакаат да ја зајакнат својата активност на руската територија и дека настојуваат со сите средства да добијат информации поврзани за политиката, економијата, науката и за технологијата.
Путин го критикува интензитетот на активностите на странските агенти, а западните земји сметаат дека Русија е вмешана во неколку шпионски скандали. Меѓу скандалите е и труењето на Скрипалови во Велика Британија. Британските власти за тоа ја обвинија Москва, која ги демантира обвинувањата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

