Свет
Путин: Имаме оружје какво што нема во светот
Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека на новото вооружување на Русија му нема рамно во светот и дека тоа ќе обезбеди безбедност на земјите во децениите кои следат, пренесе АП.
Како што се наведува, Путин, обраќајќи се на состанок на воениот врв во Москва, особено ја споменал хиперсоничната ракета „Кинжал“ и хиперсоничната едрилица „Авангард“, нагласувајќи дека ова оружје значајно ги зајакнува воените капацитети на Русија.
АП наведува дека „Кинжал“ веќе и` е испорачан на руската војска, а дека министерот за одбрана, Сергеј Шојгу, најавил дека „Авангард“ ќе влезе во воена служба наредната година.
Путин исто така рекол дека се надева дека напредното руско оружје ќе ги натера да се замислат, оние кои се навикнати на милитаристичка реторика.
Тој истакнал дека ништо не го спречува разгледувањето на модернизацијата на договорот за нуклеарни сили од среден дострел со други држави или работа на нов договор за оружје во таа сфера.
Рускиот претседател рекол дека вооружените сили на Русија во текот на 2018 година се развивале на урамнотежен и планиран начин и дека нуклеарната тријада на Русија е значително зајакната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

