Свет
Путин и сите негови милиони: oткриени се неверојатните имоти на рускиот император
Неодамна во јавноста излегоа информации дека рускиот претседател поседува силно чувана резиденција на 30-ина километри од Финска, во северозападната руска република Карелија. Иако е објавена официјалната мапа на имотот на моќниот претседател, според која Путин поседува два стана, списокот на неговите имоти е многу подолг, според написите во светските медиуми. Има и новооткриен имот во близина на Финска, гигантската палата „Геленжик“, луксузна дрвена куќичка и бункери. Според некои политичари, не може точно да се процени колку имот поседува Путин, а ниту еден од нив не е на негово име.
Според некои медиуми, Путин дели прекрасна резиденција со љубовницата Алина Кабаева. Имотот има базен и фонтана, посебен подземен влез, хелиодром, марина за јахти, како и стаклена градина во близина на водопад висок 13 метри.
Резиденцијата има три модерни куќи на брегот на заливот Марјалахти, два хелиодрома, неколку марини за јахти, фарма за пастрма и фарма со крави. Во внатрешната декорација се користеле полускапоцени камења.
Локалните жители велат дека Путин го посетува имотот најмалку еднаш годишно. Тие велат дека блиски соработници на рускиот лидер наредиле изградба на тајната резиденција, која почнала пред повеќе од 10 години.
Исто така, имотот е ограден со бодликава жица, а соседната резиденција е во сопственост на поранешниот сопственик на фудбалскиот клуб „Челси“, Роман Абрамович.
„Геленжик“ е приватната резиденција на Путин, наводно изградена со државни пари.
Оваа вила има соба за наргиле, казино и аквадиско, како и подземен комплекс од 16 ката. Подземниот лавиринт вклучува чардак на карпата со поглед на морето и огромна винарска визба.
Опозицискиот политичар Алексеј Навални првпат ѝ откри на јавноста како изгледа оваа луксузна резиденција. Тој рече дека имотот чинел најмалку 1,37 милијарда долари и дека е платен со „најголемиот поткуп во историјата“.
Тој покажа фотографии од внатрешноста на замокот, на кои се прикажани двоглави златни орли, пронајдени во речиси секоја соба. Луксузниот мебел чини неколку илјади евра, а вилата има и базен.
Според медиумите, Путин сака да го поминува времето со својата љубовница Алина Кабаев на езерото Валдај. Имотот се наоѓа на околу 400 километри северозападно од Москва. Зафаќа 13.000 квадратни метри и е изграден во 2020 година.
Истрагите покажаа дека Путин ја поседува и луксузната дрвена куќичка „Ачипс“, која официјално е во сопственост на нафтената компанија „Газпром“, пишуваат медиумите.
Се наоѓа на територијата на градот Краснодар и содржи голема колекција скап мебел и украси. Тоа е и зона на забранети летови за неовластени дронови, има сопствен радарски систем за заштита и е достапен за руската тајна служба.
Во „внатрешните документи“ се наведува дека дрвената куќа има 3.800 квадратни метри и многубројни спални и заеднички простории со камини. Имотот вклучува хелиодром, двокатен базен и базен од 385 квадратни метри. И покрај тоа што самата кабина има само два надземни ката, таа има шест лифта.
Резиденцијата „Валдај“ поседува велнес-центар вреден повеќе милијарди фунти на брегот на езерото Валдај во северна Русија. Тој имот наводно е делумно во сопственост на Кремљ и на пријателот на Путин, мултимилијардерот Јуриј Ковалчук.
Станува збор за трикатен спа-комплекс со салон за убавина. Два ката се скриени под земјата заедно со ладна комора и кал-бања во собата за релаксација. Во бањата се достапни и масажи, хидромасажни кади и сауни. Резиденцијата има и неколку спални соби и дневна соба заедно со стоматолошка ординација.
Имотот вклучува и неколку куќи за гости, распространети во земјата каде што се наоѓа палатата.
Според мапата за имотот, Путин поседува три автомобили, но медиумите пронајдоа разни информации. Имено, покрај неколку автомобили, рускиот лидер ја поседува и јахтата „Шехерезада“, вредна 570 милиони евра и долга 460 метри.
Јахтата има шест палуби, девет кабини, два хелиодрома и простор за 40 члена на екипажот, опремена е со базен и спа-комплекс, а внатре е обложена со злато, дрво и фини ткаенини.
За разлика од претседателот на Соединетите Американски Држави, кој патува со „боинг 747“, познат како Air Force One, Путин на располагање има четири руски авиони, чии кабини се украсени со таписерии и златни детали. Секој авион има канцеларија и конференциска маса со кожени седишта.
По инвазијата на Украина, Путин обезбеди неколку бункери во Сибир – едниот е поврзан со терминалот во Сабета на полуостровот Јамал, а другиот е на планините Алтај. Други бункери се на непознати локации. Постојат шпекулации дека тој има бункер длабоко во планинскиот венец Урал во Русија, под планината Јамантау, пренесуваат светските агенции.
„Рускиот претседател има пристап до огромна инфраструктура од нуклеарни бункери и воени објекти, кои датираат од Студената војна. Веројатно е дека планините Урал се едно такво место, а особено овие планини долго време играа стратешка геополитичка улога за Русија.
Се шпекулира дека еден специјален бункер собира до 100.000 луѓе и е дизајниран од него да се владее со Русија во случај на армагедон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски и Трамп разговараа пред новата рунда преговори со Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот американски колега Доналд Трамп разговараа телефонски во пресрет на новите преговори со Русија.
Во објава на мрежата „Икс“, Зеленски соопшти дека со Трамп разговарал за прашањата што ќе бидат тема на утрешните билатерални разговори во Швајцарија. На разговорот присуствувале и специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер.
Зеленски наведе дека разговарале и за подготовките за следните трилатерални мировни преговори меѓу Москва, Киев и Вашингтон, планирани за почетокот на март.
„Очекуваме овој состанок да создаде можност разговорите да се подигнат на ниво на лидери. Претседателот Трамп го поддржува овој редослед на чекори. Тоа е единствениот начин да се решат сите сложени и чувствителни прашања и конечно да се стави крај на војната“, изјави Зеленски.
Тој нагласи дека украинскиот и американскиот тим интензивно работат и им се заблагодари на САД за активното учество во преговорите и напорите за завршување на војната.
Свет
Мексико ја скратува работната недела од 48 на 40 часа
Мексиканскиот парламент усвои уставна реформа со која работната недела постепено ќе се скрати од 48 на 40 часа, при што намалувањето целосно ќе стапи во сила во 2030 година.
Од 2027 година работната недела ќе се намали на 46 часа, а потоа ќе се кратат по два часа годишно сè додека не достигне 40 часа во 2030 година. Властите нагласија дека намалувањето на работното време нема да доведе до намалување на платите.
Реформата беше изгласана со 469 гласа „за“ и без ниту еден „против“. За да стапи во сила, потребно е одобрување и од 17 од 32 регионални парламенти.
Опозициски пратеници ја критикуваа реформата, оценувајќи дека не гарантира доволно денови за одмор. Тие побараа експлицитно да се предвиди два дена одмор по пет работни дена.
Според податоците, Мексико е меѓу земјите со највисоко ниво на стрес поврзан со работата, што беше наведено како аргумент за потребата од повеќе одмор.
Свет
Зеленски: „Дружба“ нема наскоро да биде поправена, Унгарија да се обрати до Русија
Поправката на нафтоводот „Дружба“, преку кој се транспортира руска нафта кон Источна Европа, нема да биде завршена наскоро, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, и покрај барањата од Европската унија и негодувањето од Унгарија.
Испораките на руска нафта кон Унгарија и Словачка се прекинати од 27 јануари, откако, според Киев, во руски напад била оштетена опрема на нафтоводот во западна Украина. Будимпешта и Братислава, пак, ја обвинуваат Украина за прекинот.
Зеленски изјави дека Русија е целосно одговорна за прекинот поради нападите врз украинската критична инфраструктура и ги отфрли „ултиматумите и политичкиот притисок“.
Тој додаде дека Унгарците треба да се обратат до Русија доколку сакаат решавање на проблемот.
„Унгарците треба да апелираат до Русите за енергетско примирје“, изјави Зеленски.

