Свет
Путин и Џонсон вечерва телефонски ќе разговараат за Украина
Рускиот претседател Владимир Путин вечерва телефонски ќе разговара со британскиот премиер Борис Џонсон за две клучни теми: решавање на украинската криза и безбедносни гаранции, најави рускиот помошник на претседателот за меѓународни прашања, Јуриј Ушаков.
„Ова е внатреукраинско решение со оглед на вчерашната посета на Џонсон на Киев. Ќе разговараме и за нашите сеопфатни предлози за долгорочни гаранции за безбедноста на Русија“, рече Ушаков, пренесува „РИА новости“.
Тој додаде дека двајцата лидери ќе допрат и некои прашања од билатералната соработка, која, како што оцени, сега е на многу, многу ниско ниво.
Претходно, кабинетот на британскиот премиер соопшти дека премиерот Борис Џонсон очекува телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин. Подоцна, во медиумите се појавија информации дека британската страна, по објавувањето на извештајот за забавите одржани во владината резиденција во Даунинг стрит за време на карантинот, побарала од руската страна да го одложи разговорот меѓу двајцата лидери закажан за понеделник. Разговорот потоа беше одложен.
На крајот на 2021 година Русија објави нацрт-договори со САД и договори со НАТО за безбедносни гаранции. Москва особено бара правни гаранции за запирање на натамошното проширување на НАТО на исток, пристапувањето на Украина во тој сојуз и воспоставување воени бази во постсоветските земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Четворица загинати, 29 повредени во израелскиот напад врз Јемен
Министерството за здравство на Хутите во Јемен објави дека четири лица се загинати, а 29 се повредени по денешните израелски напади.
Израел потврди дека започнал воздушни напади врз Хутите во Јемен, погодувајќи го пристаништето Рас Иса во четвртиот по големина град во Јемен, Ал Худајда.
Армијата соопшти дека неколку десетици авиони на израелското воздухопловство, вклучително и шпионски авиони и авиони за полнење гориво, учествувале во нападите врз позициите на милитантите лоцирани на околу 1.800 километри од Израел.
Нападите беа насочени кон локациите што ги користат Хутите за воени цели во Ал Худајда и блиското пристаниште Рас Иса во западен Јемен.
Снимките на социјалните мрежи, објавени од израелските медиуми, покажуваат како чад се издига од областа.
Yemen is burning pic.twitter.com/o2PG6FSYMY
— נועה מגיד | Noa magid (@NoaMagid) September 29, 2024
Хутите поддржани од Иран лансираа три балистички ракети кон Израел овој месец.
Свет
Демонстрантите се судрија со безбедносните сили во Пакистан
Демонстрантите се обидоа да маршираат до американскиот конзулат во Карачи, Пакистан, по убиството на лидерот на Хезболах, Хасан Насрала.
Толпата се судри со безбедносните сили додека се обидуваа да стигнат до конзулатот.
Полицијата употреби солзавец за да ги растера шиитските муслимани кои се приклучија на протестот.
Убиството на Насрала, кое го извршија израелските сили, предизвика шокови низ Либан и Блискиот Исток.
Лидерот на Хезболах беше доминантна политичка и воена фигура повеќе од три децении.
Свет
(Видео) Израелската армија нападна воени цели на Хутите во Јемен
Израелската армија потврди дека нападнала воени цели на Хутите во областите Рас Иса и Ходеида во Јемен.
Десетици авиони на израелските воздухопловни сили, вклучително и борбени авиони и шпионски авиони, учествуваа во нападите, соопшти израелската војска.
#اليمن.. لحظة انفجار خزان النفط في الحديدة بعد الغارة pic.twitter.com/B5yb2BCunf
— الثانية (@AlthanytA) September 29, 2024
Видеа од ужасниот напад кружат на Интернет, на кои се гледа како оган и чад се издигнуваат во далечината по израелскиот напад врз пристаништето Ходеида , контролирано од Хутите, пишува Тајмс оф Израел.