Свет
Путин, Меркел, Ердоган и Макрон повикаа на политичко решение на кризата во Сирија
Лидерите на Турција, Германија, Русија и Франција се согласија дека не постои воено решение за кризата во Сирија, за време на самитот во Истанбул посветен на оваа земја. Тие повикаа на што поитно започнување на политички процес, за да се стави крај на повеќегодишната војна во Сирија.
Владимир Путин, Реџеп Таип Ердоган, Ангела Меркел и Емануел Макрон во заедничко соопштение по состанокот, ја нагласија неопходноста од воспоставување на трајно примирје во Сирија и потребата од формирање на комитет кој ќе се занимава со промена на Уставот на оваа земја до крајот на годината.
Тие исто така истакнаа дека е неопходно да се создадат услови низ целата сириска територија за безбедно и доброволно враќање на бегалците, пренесува Ројтерс.
Во коминикето, лидерите на четирите земји наведуваат дека ја отфрлаат сепаратистичката агенда со цел поткопување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Сирија, како и националната безбедност на соседните земји.
Германската канцеларка Ангела Меркел рекла дека решението на сириската криза неможе да биде воено и дека мора да вклучи политички процес под ОН.
„На крајот на овој политички процес, мора да се одржат слободни избори, на кои пристап ќе имаат сите Сиријци, вклучително и дијаспората“ рекла Меркел.
Путин пак рекол дека сите соговорници се единствени дека долгорочната стабилност во Сирија може да се постигне со политички и дипломатски чекори во согласност со резолуцијата на Советот за безбедност и со строго почитување на принципот на единство, суверенитет и територијален интегритет на Сирија. Тој најави дека Москва активно ќе учествува во работата на уставниот комитет за Сирија.
Турскиот претседател истакна дека сирискиот народ треба да одлучи за иднината на актуелниот претседател Башар ал Асад.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Приведен еден осомничен за пукањето на Универзитетот Браун во САД
Полицијата во Провиденс приведе едно лице во врска со пукањето на Универзитетот Браун, во кое загинаа двајца студенти, а девет други беа повредени.
Портпаролката на службата за јавна безбедност на Провиденс, Кристи ДосРејс, за Ројтерс изјави дека „лице од интерес“ е во притвор по пукањето на универзитетот во Род Ајленд.
Повеќе од 400 полицајци беа ангажирани да бараат осомничен кој влегол со огнено оружје во зграда каде студентите полагале испити.
Пристапот до делови од кампусот беше ограничен, а полицијата остана на местото на настанот.
Агенти од ФБИ и Бирото за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви соработуваат со локалната и државната полиција во истрагата.
Службениците објавија видео од осомничениот, за кој се верува дека е маж на околу 30 години облечен во црно.
Истражителите пронашле чаури на местото на настанот, а вооружениот напаѓач избегал по пукањето.
Свет
Зеленски: Украина се откажува од НАТО во замена за безбедносни гаранции
Украина е подготвена да се откаже од членството во НАТО во замена за западни безбедносни гаранции, како компромис за завршување на војната со Русија, изјави претседателот Володимир Зеленски пред разговорите со американски претставници во Берлин.
Зеленски оцени дека безбедносните гаранции од САД, европските земји и други партнери, би можеле да спречат нова руска инвазија и претставуваат значаен отстап од украинска страна.
Тој потсети дека членството во НАТО долго време беше стратешка цел на Украина и дел од уставните определби на земјата.
Иако официјалниот состав на разговорите во Берлин не е објавен, американски функционер потврди дека специјалниот пратеник на поранешниот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, и Џаред Кушнер ќе учествуваат на средбите со украински и европски претставници.
Свет
(Видео) Храбар случаен минувач го совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажа во Сиднеј
На плажата Бонди во Сиднеј се случи пукaње, во кое, според последните информации, 12 лица се убиени, а 29 се повредени.
Светските медиуми објавуваат видео од социјалните мрежи на кое се гледа како минувач совладува и разоружува еден од напаѓачите.
Видео објавено на социјалните мрежи, според „Гардијан“, покажува како минувач го соборува на земја еден од напаѓачите на плажата Бонди и му го грабнува пушката.
Пукањето официјално беше прогласено за терористички чин.
Еден вооружен напаѓач е исто така убиен, а вториот осомничен е во критична состојба, соопшти полицијата.
На плажата се одржувал настан по повод почетокот на Ханука, еврејскиот празник на светлината, на кој присуствувале повеќе од 1.000 луѓе, соопшти полицијата.

