Свет
Путин му дал рок на Шојгу да ја запре украинската контраофанзива
Рускиот претседател Владимир Путин му дал на својот министер за одбрана рок до почетокот на следниот месец да ја запре контраофанзивата на Украина, соопшти Институтот за проучување на војната (ISW).
Повикувајќи се на инсајдерски канал на „Телеграм“, „Кремљ сикретс“, ISW известува дека Путин наводно му дал на Шојгу до почетокот на октомври „да ја подобри ситуацијата на фронтовите, да ја запре украинската контраофанзива и руските сили да ја вратат иницијативата за офанзивна операција против голем град“, како што се Херсон, Одеса, Харков или Днепар.
Во пораката на каналот „Телеграм“ се наведува дека Шојгу се согласил на сите овие барања и ветил дека ќе ги исполни.
ISW забележува дека ако тврдењето на Путин за драматично подобрување на руската линија на фронтот е точно, тоа би можело да објасни зошто руските сили почнуваат почести контранапади, иако тие имаат поголема цена за руската војска.
Во јули поранешен руски генерал го обвини Шојгу за предавство. Генералот исто така тврдеше дека бил сменет од функцијата откога изразил загриженост за тоа со што се соочуваат руските сили на фронтот во Украина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

