Свет
Хаос поради нацистот кому му аплаудира Зеленски: оставка за претседателот на парламентот
Претседателот на долниот дом на канадскиот парламент, Ентони Рота, мора да поднесе оставка поради скандалот со давањето почест на поранешен припадник на СС-дивизијата, велат од Варшава.
Заменик-министерот за надворешни работи на Полска, Аркадиуш Муларчик, во интервју за агенцијата ПАП изјави дека настанот е многу компромитирачки за претседателот на долниот дом на парламентот, како и дека се работи за недостиг на проникливост и непознавање на историјата.
„Верувам дека затоа е неопходна неговата оставка“, смета Муларчик.
Според него, „војниците на дивизијата ‘Вафен СС’ припаѓале на најтврдокорните криминалци на германските единици, тие извршиле масовни воени злосторства, пред сè, против Полјаците и Евреите и извршиле неверојатно варварство“.
„И денес недостигот на недвосмислена осуда на овие личности и во исто време нивното величење претставуваат голем компромис“, заклучи полскиот министер.
Претходно, полскиот амбасадор во Канада, Витолд Џелски, изјави дека Полска никогаш нема да се согласи да ги оправда нацистите и очекува извинување за поканата и за укажаната чест на постар украински нацист, кој служел во трупите на СС во канадскиот парламент.
Во парламентот на Канада, во чест на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на 22 септември, меѓу другите, присуствуваше и 98-годишниот Јарослав Хунка кого претседателот на долниот дом на парламентот со аплауз го претстави како „борец за независност на Украина од Русите за време на Втората светска војна“.
Се утврди дека Хунка бил поранешен член на доброволната дивизија „Галиција“ на трупите на СС, во која имало и украински националисти и која не само што се борела против Црвената армија туку била позната и по злосторствата врз Евреите, Полјаците, Белорусите и Словаците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Најден е урнатиот хеликоптер во кој се наоѓал иранскиот претседател Раиси
Спасувачки тим вечерва го пронашол урнатиот хеликоптер во кој се наоѓал иранскиот претседател Ебрахим Раиси, објави иранската државна телевизија.
Агенцијата ИРНА наведува дека е објавена точната локација каде се урнал хеликоптерот во областа меѓу Ардешир и Бразин во Варзеган.
Хеликоптерот со иранскиот претседател Ебрахим Раиси имал инцидент при слетувањето во Источен Азербејџан.
Областа е карпеста, маглива и врнежлива, а овие услови многу ја отежнаа потрагата.
Хеликоптерот со иранскиот претседател Ебрахим Раиси денес доживеа „тешко слетување“.
Свет
Израел: Демонстрантите бараат итен договор за заложниците, се обрати Хилари Клинтон
Илјадници активисти се собраа во центарот на Тел Авив барајќи предвремени избори и итен договор за ослободување на израелските заложници во Појасот Газа, а поранешната американска секретарка Хилари Клинтон им се обрати на демонстрантите преку видео врска. Треба да преземете итна акција за да ги вратите дома“, рече Клинтон, пренесува Танјуг.
Амбасадорот на САД во Израел, Џек Лу, рекол дека САД ги продолжуваат преговорите за враќање на заложниците, пишува The Times of Israel. Демонстрантите го блокираа автопатот Ајалон и запалија огнови, барајќи итен договор за ослободување на заложниците од Газа.
Бидејќи демонстрантите одбија да се разотидат по завршувањето на одобрениот митинг, полицијата го прогласи протестот за незаконски и интервенираше за деблокирање на автопатот.Полицијата соопшти дека уапсила осомничен за нарушување на редот на антивладините протести во Тел Авив.
Околу 200 демонстранти излегоа на одделни протести во Ерусалим, кои се одржаа во близина на Кнесетот.
Регион
Поставен рекорд во центарот на Белград: 1.000 гитаристи свиреа истовремено
Концертот на „Guitar Art“ денеска собра 1.000 гитаристи на плоштад во Белград, кои поставија национален рекорд во присуство на инструменталисти кои свират на гитара и слични инструменти, пренесе српска „Политика“.
Концертот „1.000 гитари“ ги привлече пред се во центарот на Белград најмладите гитаристи и нивните учители, но заедно свиреа цели семејства, составени од три генерации: дедо, татко и син…
Имаше мајки и ќерки кои „замавнаа“ со белградскиот блуз квартет и специјалните гости на концертот, меѓу кои Дејан Цукиќ, Ју групата, Кики Лесендриќ и Пилотите, Срѓан Гојковиќ Гиле, Бојана Стаменов, Никола Чутурило – Чутура. „Ова е конечно моментот кога барем на еден час ги заменуваме силиконите за витамини на ’Трг Републике’. Ова е сеќавање на мојата младост и почетоци во рокенролот. Среќен сум“, изјави Никола Чутурило Чутура за Танјуг.
За неколку минути неколку илјади љубопитни луѓе се собраа на плоштадот да уживаат во првокласен музички настан.