Свет
Путин му одговори на Бајден, му посака добро здравје
Рускиот претседател Владимир Путин како одговор на изјавата на американскиот претседател, Џозеф Бајден, дека рускиот претседател ќе ја плати цената за неговото наводно мешање во американските избори и дека го смета за убиец, му посака на Бајден добро здравје.
„Кога проценуваме други луѓе и земји, тоа е како да гледаме во огледало“, рече Путин, пренесува „РИА новости“.
Путин рече дека има многу чесни луѓе во американскиот естаблишмент и дека Русија ќе се потпира на нив.
Претседателот на Русија оцени дека Вашингтон е посветен на односите со Москва само под свои услови и дека Русија ќе работи само под услови што се поволни за неа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Амал Клуни е една од клучните луѓе во издавањето налог за Нетанјаху
Судиите на Меѓународниот кривичен суд (МКС) во четвртокот издадоа налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, како и на неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант и воениот командант на Хамас. Тие се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото за време на војната меѓу Израел и Хамас.
Клучната личност зад издавањето на меѓународната потерница беше Амал Клуни, сопруга на познатиот актер Џорџ Клуни и адвокат за човекови права, која помогна да се донесе одлуката до главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд. Амал на оваа задача работи од јуни и беше ангажирана како специјален советник во истрагата на обвинителот на Меѓународниот суд.
Нејзиниот ангажман не помина најдобро кај водечките фигури во САД. Американскиот претседател Џо Бајден го прогласи барањето за „безобразно“ и навести дека ќе бидат преземени санкции против сите што учествувале во создавањето на оваа наредба. Поради ова, на Амал и се заканува кривично гонење и може да биде депортирана од земјата.
Нејзиниот сопруг Џорџ Клуни му порачал на Бајден преку високиот советник Стив Рикети дека Амал не се кае за своите постапки и дека нема намера да ја повлече својата наредба.
Регион
Денеска ќе се одлучува за притворот за 12 уапсени поради трагедијата во Нови Сад
Сите уапсени поради падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад денеска ќе бидат сослушани, објави српски Блиц. Како што јавуваат, после тоа судот ќе донесе одлука за евентуален притвор.
Вишото јавно обвинителство во Нови Сад вчера соопшти дека се уапсени и приведени вкупно 12 лица во врска со трагедијата во Нови Сад, кога падна настрешница на железничката станица во Нови Сад, а вкупно 15 лица го загубија животот, додека двајца се тешко повредени.
Меѓу уапсените се Горан Весиќ, до неодамна министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, потоа Анита Димовски, в.д. помошник министер за железници и интермодален транспорт и Јелена Танасковиќ, до неодамна вршител на должноста директор на „Српска железничка инфраструктура“. Горан Весиќ поднесе оставка на 5 ноември, додека Јелена Танасковиќ во средата.
Порталот Република јавува дека меѓу уапсените е и Небојша Шурлан, поранешен директор на „Српската железничка инфраструктура“, кој на оваа функција беше до март годинава, кога поднесе оставка.
Регион
Додик го брани Нетанјаху: Ќе направиме се институциите на БиХ да не ја спроведат оваа одлука
Претседателот на ентитетот Република Српска (РС), Милорад Додик, ја коментираше одлуката на Меѓународниот кривичен суд да издаде налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Како што пренесува Кликс.ба, Додик оваа одлука ја нарече целосно неразумна.
„Се испостави дека меѓународниот правосуден систем се користи како политичка алатка. Со обвинувањето на премиерот на Израел, земја која беше нападната од терористичка организација, тој суд дополнително се девалвира“, рече Додик, додавајќи дека ентитетот на чело од него ќе направи се институциите Босна и Херцеговина да не ја спроведат оваа одлука.
Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант. Како што наведуваат во соопштението, тие се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени на палестинските територии, вклучително и Газа.