Свет
Путин: Подготвени сме да преговараме, но се’ зависи од Украина
Рускиот претседател, Владимир Путин вели дека Москва е подготвена да преговара за крај на војната, но ги обвини Украина и Западот дека одбиваат да направат компромис.
„Подготвени сме да преговараме со сите за прифатливи решенија, но тоа зависи од нив. Не сме ние тие што одбиваат да преговараат, тие одбиваат“, изјави рускиот претседател на државната телевизија.
„Верувам дека дејствуваме во вистинска насока, ги браниме нашите национални интереси, интересите на нашите граѓани, нашиот народ. И немаме друг избор освен да ги заштитиме нашите граѓани“, додаде Путин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

