Европа
Путин пристигна во Кина, ќе се сретне со Шји Џјинпинг
Рускиот претседател Владимир Путин денеска пристигна во Пекинг, каде што ќе се сретне со својот кинески колега Шји Џјинпинг, во посета која ќе ја покаже длабоката меѓусебна доверба и партнерството без граници меѓу Кина и Русија. Путин и неговата придружба утрово слетаа на меѓународниот аеродром во Пекинг.
Рускиот претседател малку патуваше во странство откако Меѓународниот кривичен суд во Хаг издаде налог за негово апсење во март обвинувајќи го за незаконско депортирање деца од Украина. Путин го посети Киргистан на почетокот на месецот. Наредбата на МКС обврзува 123 земји членки да го уапсат Путин и да го префрлат во Хаг на судење доколку влезе на нивна територија. Ниту Киргистан ниту Кина не е член на судот формиран да суди за воени злосторства.
Шји последен пат се сретна со својот драг пријател во Москва само неколку дена по издавањето на наредбата. Потоа Шји го покани Путин на форумот „Појас и пат“, меѓународен форум со кој претседава кинескиот лидер. Путин ќе се сретне со Шји в среда.
Пекинг ги отфрли критиките на Западот за нејзиното партнерство со Москва, иако се чинеше дека војната во Украина никогаш нема да заврши инсистирајќи дека нивните врски не ги прекршуваат меѓународните норми и дека Кина има право да работи со која било земја што ја сака.
Путин последен пат ја посети Кина за време на Зимските олимписки игри во Пекинг во февруари 2022 година кога Русија и Кина објавија дека нивното партнерство нема граници неколку дена пред рускиот претседател да испрати десетици илјади војници во Украина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Европа
Напаѓачот на Фицо доби мерка притвор за да не побегне и да не го повтори делото
Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување денеска му одреди притвор на 71-годишниот Словак Јурај Цинтула, кој на 15 мај годинава во градот Хандлова со пет истрели го застрела премиерот Роберт Фицо и тешко го рани во стомакот.
Притворот за осомничениот е побаран поради опасност да не избега или да го повтори делото.
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска призна вина.
Адвокатите предупредија дека признавањето на вината е спорно, бидејќи Цинтула веднаш по атентатот и апсењето бил сослушан во шок, без присуство на адвокат.
Европа
Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на премиерот Фицо и понатаму е сериозна.
Обвинителството вчера побара притвор за 71-годишниот Цинтула поради евентуално бегство или повторување на кривичното дело. Напаѓачот беше спроведен под силно полициско обезбедување, а ниту на новинарите им беше дозволен влез во Судот.
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо на 15 мај беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ. Цинтула веднаш по нападот е приведен.
Тој се соочува со обвинение за обид за убиство од одмазда, за што е предвидена казна од 25 години до доживотен затвор.
Словачките политичари изјавија дека нападот врз Фицо не е политички мотивиран.