Свет
Путин прогласи Ден на таткото за да се зајакне семејството како институција
Рускиот претседател, Владимир Путин, со извршен декрет го воспостави Денот на таткото за да ја истакне улогата на мажите во семејството, објави Кремљ.
Шеесет и осумгодишниот Путин, кој има две возрасни ќерки, одлучи да донесе уредба за воспоставување на Ден на таткото, кој ќе се слави секоја трета недела во октомври.
Целта на Денот на таткото е да се зајакне семејството како институција, а особено улогата на мажите во воспитувањето на децата, објасни Кремљ.
Уредбата стапи на сила во понеделникот, што значи дека годинава Денот на таткото ќе се слави на 17 октомври.
Русија веќе има повеќе празници во чест на мажите, како што е Денот на бранителот на татковината.
Претходникот на Путин како претседател, Борис Елцин, го воспостави Денот на мајката со извршен декрет во 1998 година и тој се слави во последната недела во ноември.
Со интервенција на Путин, дефиницијата за бракот како заедница на маж и жена влезе во рускиот устав. Други форми на семејство, како што се истополовите, не се толерираат во Русија и понекогаш се прогонувани, велат активистите за човекови права.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бела куќа: Бајден ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп
Претседателот во заминување Џо Бајден и првата дама Џил Бајден ќе присуствуваат на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп во јануари, изјави вчера портпаролот на Белата куќа.
„Претседателот вети дека ќе присуствува на инаугурацијата на кој и да победи на изборите“, рече портпаролот Ендрју Бејтс.
„Тој и првата дама ќе го испочитуваат тоа ветување и ќе присуствуваат на инаугурацијата“, рече Бејтс.
Трамп победи на изборите во САД на 5 ноември, а во Овалната соба ќе се врати на 20 јануари.
Традицијата налага претседателот во заминување и неговата прва дама да се сретнат со новата претседателска двојка утрото на Денот на инаугурацијата и да дојдат заедно во Капитол.
Републиканецот Трамп ја прекрши таа традиција и не присуствуваше на инаугурацијата на демократот Бајден во јануари 2021 година.
Трамп беше првиот претседател по Ендрју Џонсон во 1869 година кој одби да присуствува на заклетвата на неговиот наследник.
Свет
Ердоган: Збеснатата влада на Нетанјаху е како сериски убиец
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги осуди постапките на израелската влада и ги пофали Палестинките за нивната храброст и издржливост, јавува Анадолија.
„Беснатата влада на Нетанјаху секој ден брутално убива десетици жени, деца, стари луѓе и бебиња, како сериски убијци кои уживаат да убиваат“, рече Ердоган во Анкара за време на говорот на Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените.
Турскиот претседател, исто така, изрази восхит од храброста на палестинските жени, истакнувајќи ја нивната сила наспроти насилството и варварството. „Соочени со варварството, чесните жени од Палестина дадоа пример за целиот свет и за сите жени со нивниот благороден став кој не се поклонуваше на угнетувачот“, рече Ердоган.
Ердоган ја повтори посветеноста на Турција да ги поддржи палестинските жени, велејќи дека „нема да се двоуми да покаже реакција и да го брани најосновното право на живот, и покрај притисокот од ционистичкото лоби“. Тој додаде дека насилството врз луѓето, особено врз жените, е неприфатлив вандализам.
„Секој што ќе положи рака врз жена или ќе изврши физичко или психичко насилство мора да ја добие заслужената казна, тоа е примарна должност на државата“, заклучи тој.
Европа
Русија парично ја казни апликацијата Телеграм
Русија вчера ја казни платформата за социјалните медиуми за испраќање пораки Телеграм со седум милиони рубљи (околу 64.000 евра), јавува Анадолија.
Локален суд во Москва ја казни апликацијата откако ја прогласи за виновна за кршење на рускиот закон со дозволување пристап до некои забранети содржини.
Претходно, неколку странски платформи за социјални медиуми, вклучувајќи ги Епл, Гугл, Тикток и Фејсбук, беа казнети поради слични причини. На пример, руски суд го казни Епл откако компанијата одби да отстрани два подкасти.
Во 2021 година, Фејсбук беше казнет и со 220.000 евра затоа што не ја бришеше содржината што Москва ја смета за нелегална.
Да потсетиме, основачот на Телеграм, Павел Дуров, беше уапсен во Франција во август. Тој потоа беше ослободен, но не му беше дозволено да ја напушти Франција. Покрената е официјална истрага за наводите дека неговата платформа не се обидела да спречи измама, трговија со дрога и ширење на детска порнографија.