Свет
Путин разговараше со Ердоган: САД и НАТО ги игнорираат легитимните барања на Русија
Рускиот претседател, Владимир Путин, во телефонски разговор со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изразил разочарување поради, како што се наведува, обидите на САД и НАТО да ги игнорираат легитимните безбедносни барања на Русија, соопшти денеска Кремљ.
Во разговорот Путин и Ердоган размениле оценки за ситуацијата во врска со руското признавање на Донецката и Луганската Народна Република, се наведува во соопштението на Кремљ.
Од друга страна, Ердоган во разговорот со рускиот колега рекол дека Анкара не ги признава потезите насочени против суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и дека е важно да се постигне решение врз основа на договорите од Минск, соопшти кабинетот на турскиот претседател.
Ердоган нагласил дека секоја ескалација, вклучително и вооружената конфронтација во Украина, не е во ничија корист.
„Претседателот Ердоган истакна дека ескалацијата, особено воениот конфликт, никому нема да му донесе ништо. Тој посочи дека Турција повикува на продолжување на дипломатските контакти, како и дека е подготвена да посредува во смирување на тензиите и одржување на мирот“, се вели во соопштението од кабинетот на турскиот претседател, кое го пренесе ТАС С.
Исто така, од кабинетот на Ердоган додаваат дека очекуваат Путин набргу да ја посети Турција за да учествува на седницата на Високиот совет за соработка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Ужас во Грција: човек затворил 58 мачки и ги мачел, осуден на 1,7 милиони евра казна
Грчки суд изрече казна од 1,7 милиони евра за суровост кон животните.
По дојава од минувачи, грчката полиција наишла на затвор за мачки. 68-годишен Грк затворил 58 мачки во трошна зграда. Ги оставил без храна, вода и ги мачел. Уапсениот човек им рекол на властите дека собирал животни скитници бидејќи бил чувствителен на нивната тешка состојба.
Неговите адвокати се обидоа да го претстават како ментално болен, но експертите на судот докажаа дека тој бил свесен за своите постапки.
За првпат, суд изрече казна од 1,7 милиони евра поради екстремната суровост на делото, коментираат адвокатите.
Судиите, исто така, ги забележаа претходните нечовечки и сурови дела на обвинетиот кон кучињата.
Животните се сместени во засолниште и за нив се грижи соопшти Сојузот за заштита на животните.
Регион
Борисов: Имаме предложено име за посебен управител во ‘Лукоил’, чекаме Радев да се изјасни
Чекаме претседателот Радев да донесе одлука – да стави вето или да го усвои законот, имаме име за посебен управител во Лукоил, тоа е договорено со партнерите, изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, пред новинарите во парламентот.
Според него, единствената улога на шефот на државата е да стави вето на законот или да го донесе, а не да дава совети.
„Знам зошто го направи тоа, беше иритиран од писмо што му го испратив доверливо“, рече Борисов, без да даде детали.
„Можам да го уверам претседателот Радев дека секоја акција што ја преземаме е координирана со Европската комисија, OPAC и Министерството за енергетика на САД. Затоа, сè што барам е да проговори“, додаде Борисов, цитиран од БГНЕС.
Според него, доколку Радев не стави вето, веднаш ќе биде назначен управител.
„Сè е во ред – имаме бензин шест месеци, дизел четири, керозин два месеци“, објасни понатаму лидерот на ГЕРБ.
Борисов беше категоричен дека Пеевски нема да ја земе рафинеријата, исто како што нема да ја земат Кирил Петков и Асен Василев.
Свет
(Видео) Трамп: Никој не знае што се магнети
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се најде во центарот на вниманието, овој пат со бизарна изјава за магнетите за време на настан во Овалната соба, објавува „Индипендент“.
Сè се случи вчера, за време на положувањето заклетва на новиот американски амбасадор во Индија. Трамп ја искористи приликата да одржи неочекуван монолог за Кина, фокусирајќи се на неодамнешниот договор за извоз на ретки земни метали.
Trump: "Nobody knows what magnets are." pic.twitter.com/nxnLmKbFDP
— Aaron Rupar (@atrupar) November 10, 2025
„Кина ќе нè удри со ретки земни метали. Сега сите велат: ‘О, што значи тоа?’ Магнети. Ако Кина одбие да ни даде магнети, затоа што има монопол врз магнетите… немаше да се произведува ниту еден автомобил во целиот свет“, рече Трамп.
Тој продолжи со збунувачкото тврдење дека „никој не знае што се магнети“, пред да го пофали она што го нарече „одлична зделка“ што Кина и САД ја постигнаа претходниот месец.
фото: принтскрин

