Свет
Путин: Русија е отворена за политичко и дипломатско решение за Украина

Русија е подготвена да најде политичко и дипломатско решение за украинското прашање и ја цени добро балансираната позиција на Кина за ова прашање, изјави претседателот Владимир Путин, пренесува „Анадолија“.
Москва ја поздравува „подготвеноста на Пекинг значително да придонесе за решавање на кризата“, рече Путин во написот објавен од кинескиот весник „Пиплс дејли“, ден пред посетата на претседателот Шји Џјинпинг на Москва.
„Русија е отворена за политичко и дипломатско решение на украинската криза. Не беше Русија таа што ги прекина мировните преговори во април 2022 година“, рече Путин.
Тој смета дека иднината на мировниот процес зависи исклучиво од волјата за вклученост во значајна дискусија имајќи ја предвид актуелната геополитичка реалност.
Путин рече дека војната во Украина е испровоцирана и дека Западот ревносно ја поттикнува.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Бројот на загинати во Газа надмина 50.200

Најмалку 25 Палестинци загинаа во израелските воздушни напади врз Појасот Газа, со што вкупниот број на жртви од израелската офанзива од октомври 2023 година се искачи на 50.208, соопшти палестинското Министерство за здравство.
Во соопштението се наведува дека во последните 24 часа во болниците биле примени уште 82 ранети лица, со што бројот на повредени во израелските напади достигна 113.910.
„Многу загинати сè уште се заробени под урнатините и на улиците, бидејќи спасувачките екипи не можат да им пристапат“, се додава во извештајот на Министерството.
Израелската војска на 18 март изврши изненаден воздушен напад врз Појасот Газа, во кој загинаа 855 лица, а речиси 1.900 се повредени, и покрај прекинот на огнот и договорот за размена на затвореници што беше постигнат во јануари.
Регион
Додик се сретна со Нетанјаху

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска во Ерусалим се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Додик го поздрави и разговараше со израелскиот премиер Нетанјаху, кој е говорник на Меѓународната конференција за борба против антисемитизмот, на која присуствува и претседателот на Република Српска, пренесува РТРС.
Претходно на конференцијата Додик зборуваше за пораките за поддршка од Република Српска за Израел и рече дека високиот претставник за Босна и Херцеговина Кристијан Шмит се обидел да го спречи неговото доаѓање на конференцијата.
Свет
Ватикан: Папата Франциско продолжува да ја води црквата, но можеби не како пред болеста

Папата Франциско ќе продолжи да ја води Католичката црква, но можеби не на ист начин како пред здравствената криза поради која беше во болница 38 дена, изјави денеска државниот секретар на Ватикан, Пјетро Паролин.
Тој рече дека постојано добива пораки од верниците кои се молат за здравјето на папата и способноста да продолжи со својата работа, пренесува Анса.
„Можеби не како порано, ќе треба да најдеме различни начини, но начин на кој тој сепак ќе може да го направи тоа“, рече Паролин.