Европа
Путин: Русија и Европа да се обединат во борбата против коронавирусот

Русија и Европа треба да ги обединат напорите во борбата против коронавирусот, изјави рускиот претседател Владимир Путин на состанокот со неговиот белоруски колега Александар Лукашенко.
„Имаме околу 10 инфекции на 100.000 жители. Во јужна Франција оваа бројка е поголема од 70. Ова е сериозен индикатор. Ова се објективни податоци што сугерираат дека треба да ги обединиме нашите напори, вклучително и нашите европски колеги“, рече Путин.
„Русија сака да го стори тоа и е отворена за заедничка работа во оваа сфера“, нагласи претседателот на Русија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Путин до руски банкар: Маск ќе и се врати на науката, здружете ги силите со него

Рускиот претседател Владимир Путин му предложи на заменик-извршниот директор на Гаспромбанк да соработува со американскиот мултимилијардер и близок сојузник на Трамп, Илон Маск.
Дмитриј Зауерс му кажа на рускиот претседател за руските батерии што се користат во неврочипови. „Тоа е нашиот одговор на Илон Маск“, изјави банкарот Зауерс.
„Здружете ги силите со Маск. Кога ќе заврши со реформите на административните агенции во САД, ќе се врати во науката. Треба да работите со него. Веќе преговараме за заедничка работа во вселената, можеме да соработуваме и во оваа сфера“, одговори рускиот претседател Владимир Путин.
Гаспромбанк е една од најголемите банки во Русија, основана во 1990 година. Таа е поврзана со енергетскиот гигант Гаспром, најголемиот руски производител на природен гас. Иако првично беше основана како банка за финансиските потреби на Гаспром, денес работи како универзална банка која обезбедува широк спектар на услуги – од корпоративно и инвестициско банкарство до банкарски услуги на мало.
Банката игра клучна улога во финансирањето на енергетскиот сектор на Русија и често е во фокусот на меѓународните санкции, особено по руските геополитички конфликти. И покрај санкциите, Гаспромбанк останува една од најважните финансиски институции во Русија.
Европа
(Фото) Човек прободен со нож кај споменикот на Холокаустот во Берлин: полицијата врши претрес

Маж е тешко повреден во напад со нож во близина на споменикот на Холокаустот во Берлин, јавуваат германските медиуми. Според весникот „Тагесшпигел“, полицијата ја затворила областа и врши претрес.
Gegen 18 Uhr wurde ein Mann von einem Unbekannten im Stelenfeld des Denkmals für die ermordeten Juden Europas in #Mitte schwer verletzt. Der Verletzte kam in ein Krankenhaus. Rettungskräfte betreuen vor Ort mehrere Personen, die das Geschehen mit ansehen mussten. Am Tatort laufen… pic.twitter.com/DNeYLJzgEO
— Polizei Berlin (@polizeiberlin) February 21, 2025
Мажот наводно бил повреден од остар предмет и со противпожарно возило бил пренесен во болница.
„Околу 18:00 часот по локално време, еден маж е тешко повреден од непознато лице“, напишала германската полиција на X, додавајќи дека истрагата е во тек.
„Повредениот е пренесен во болница. Итните служби се на терен и им пружаат помош на неколку лица кои биле сведоци на инцидентот“, додаваат тие.
Европа
Папата е надвор од животна опасност: неговиот лекар одржа прес-конференција

Папата Франциско, кој се лекува во болница од воспаление на белите дробови, не е во животна опасност, но не е целосно закрепнат и неговата состојба може да се промени, изјави денеска неговиот лекар.
„Дали е надвор од опасност? Не. Но, ако прашањето е ‘дали е во животна опасност’, одговорот е не“, рече Серхио Алфиери на прес-конференција.
Франциско се лекува во болницата Гемели во Рим. Тој беше хоспитализиран на 14 февруари, откако неколку денови имаше потешкотии со дишењето.
Неговиот медицински тим рече дека папата можел да стане од креветот и да седне на стол за да заврши некоја работа.
Лекарите прогнозираат дека тој „превентивно“ ќе остане во болница барем цела наредна недела, но нагласуваат дека не е приклучен на ниту една машина и се шегува со посетителите.