Европа
Путин се заканува со одмазда

Рускиот претседател Владимир Путин предупреди на молскавична одмазда доколку другите земји се вмешаат во конфликтот во Украина, а европските лидери ја обвинија Русија за уцена поради нејзината одлука да го прекине снабдувањето со гас за Полска и Бугарија.
Русија им наложи на САД да престанат да испраќаат оружје во Украина велејќи дека големите испораки на оружје од Запад го поттикнуваат конфликтот.
Обраќајќи им се на пратениците во Санкт Петербург, Путин рече дека Западот сака да ја подели Русија на разни делови и го обвини дека ја турка Украина во конфликт со Русија.
„Ако некој има намера да интервенира од надворешни настани и да создаде стратешки закани за Русија, кои се неприфатливи за нас, треба да знаеме дека нашите одмазднички напади ќе бидат молскавично брзи“, рекол Путин во видеообраќање објавено од руските медиуми.
„Ги имаме сите алатки за тоа, работи со кои никој друг сега не може да се пофали. И нема да се фалиме, ќе ги искористиме ако треба. И сакам сите да го знаат тоа“, рекол Путин.
Рускиот енергетски гигант „Газпром“ во средата објави дека ги прекина сите испораки на гас за Бугарија и Полска кога двете земји одбија да платат за гас во рубли. Полските и бугарските снабдувачи со гас претходно соопштија дека добиле официјални известувања од „Газпром“ за прекини во снабдувањето.
Европската комисија во средата ја осуди едностраната одлука на Русија да го прекине снабдувањето со гас за некои земји членки на ЕУ како обид да се користи енергијата за уцена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин