Свет
Путин ќе има 30 конкуренти за позицијата претседател на Русија
Повеќе од 30 лица поднеле апликации за кандидатура за функцијата руски претседател, изјави претседателката на руската Централна изборна комисија, Ела Памфилова.
Таа за „Тас“ изјави дека изборната кампања секако ќе биде конкурентна бидејќи е очигледно дека ќе има повеќе од еден кандидат. Руските граѓани на претседателските избори може да учествуваат како независни кандидати или како кандидати на политички партии, а за да се пријават за учество во изборниот процес, треба да достават соодветна документација до Централната изборна комисија.
Независните кандидати мора да достават документација и да обезбедат поддршка од група граѓани, нешто што го направи актуелниот претседател на Руската Федерација, Владимир Путин.
Следна обврска е да се соберат 300.000 потписи за поддршка на кандидатурата и да се достават до Централната изборна комисија до 31 јануари в година.
На кандидатите предложени од политичка партија им требаат 100.000 потписи.
Претседателските избори во Русија ќе се одржат од 15 до 17 март 2024 година, пренесува „Танјуг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел ги засили воздушните напади врз Рафа, тенкови се пробиваат на северот на Газа
Израелските тенкови со воздушна и копнена поддршка денеска направија дополнителен пробив во Џабали на северот од Појасот Газа, јавуваат тамошните жители и Хамас, додека јужен Рафа е исто така под воздушни напади.
Во Џабалија, тенковите се движат кон центарот на кампот.
Жителите известуваат дека тенкови го гаѓаат центарот на кампот и дека се уништени десетици куќи. Израелската армија принуди стотици Палестинци да ги напуштат своите засолништа, пишува Ројтерс.
Во Рафа, во близина на границата со Египет, Израел ги засили воздушните напади врз источните делови на градот.
Жителите известуваат дека сега се стационирани тенкови на улицата Салахудин, која минува низ источните делови на градот, а автопатот е блокиран поради жестоките борби. Се додава дека источните делови на Рафа станале „град на духови“. Хамас објави дека неговите борци се борат со израелските сили на улиците источно од Рафа и источно од Џабалија.
Израелската војска неколкупати ги вклучи сирените во област во близина на Газа, предупредувајќи на потенцијален прекуграничен оган. Израелската војска доцна во саботата објави дека го спречила Хамас да ги обнови своите воени капацитети во Џабалија.
„Бомбардираа насекаде, дури и во близина на училиштата во кои беа сместени бездомниците“, вели 45-годишниот Саед.
Регион
Земјотрес ја погоди Хрватска, се стресе кај Петриња: „Не разбуди, куќата ми се стресе кратко и силно“
Послаб земјотрес со јачина од 1,7 степени според Рихтеровата скала е почувствуван во 4 часот и 35 минути во Хрватска.
Епицентарот на земјотресот бил на 31 километар од Загреб и 20 километри од Велика Горица на длабочина од осум километри.
Според сведоштвата на граѓаните, земјотресот бил почувствуван на подрачјето на Петриња и Сисак, пишува 24сата.хр.
„Куќата ми се затресе силно и кратко, како гром. Повторно се будам со познатиот звук и „чкрипењето“ на куќата“, напиша сведок од Петриња на веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
„Тежок тресок, гадно будење“, „Истовремен татнеж и тресок“, „Ова беше за будење. Кратко траеше. Како да е под куќата“, „Звук и краток силен удар“, пишуваат сведоци.
Свет
Путин го смени долгогодишниот министер за обрана Сергеј Шојгу со малку познат политичар Андреј Белоусов чија специјалност се економски прашања
Рускиот претседател Владимир Путин предложи нов министер за одбрана на функцијата која од 2012 година ја извршуваше Сергеј Шојгу. Кремљ објави дека Шојгу ќе биде заменет со поранешниот прв вицепремиер Андреј Белоусов, малку познат политичар, чија специјалност се економски прашања.
Сергеј Шојгу, пак, кој е министер за одбрана од 2012 година и кој ја водеше руската војска низ нејзината инвазија на Украина, сега е именуван за секретар на Советот за безбедност на Русија, во чија надлежност е советување на претседателот на државата за прашања од националната безбедност. Како дел од неговите должности во Советот за безбедност, како што соопшти Кремљ, ќе биде советување за воено-индустриски прашања.
Шојгу ќе го замени Николај Патрушев на местото претседател на Советот за безбедност. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека следната позиција на Патрушев ќе биде објавена во наредните денови.
Песков додаде оти Кремљ сака да назначи економски експерт на чело на Министерството за одбрана во услови на зголемени трошоци поврзани со руските безбедносни мерки.
Инаку, Сергеј Шојгу важи за близок до рускиот претседател и е еден од основачите на партијата Единствена Русија, чиј водач своевремено беше Владимир Путин пред преземањето на претседателската функција во 2012 година.