Контакт

Европа

Работниците од окупираната нуклеарна централа за Би-би-си: Русите нè имаат на нишан, тука изградија база

Објавено пред

Работниците во окупираната нуклеарна централа Запорожје за Би-би-си изјавиле дека се држени под закана од оружје од страна на руските војници и дека во исто време ја користат нуклеарната централа како воена база.

dobivaj vesti na viber

Русија е обвинета дека ја користела нуклеарната централа како штит додека од неа истрелала проектили на блиските локации, пишуваат медиумите во регионот.

Двајца работници за Би-би-си изјавиле дека секојдневно добиваат закани за киднапирање и дека стравуваат од радиоактивна контаминација на поширокиот регион и од нуклеарна катастрофа.

Никополе, град под украинска контрола, е одделен од нуклеарната централа со 15-ина километри од реката Днепар. Градот доживеа силно гранатирање во изминатите неколку недели, а во една ноќ беа регистрирани и до 120 ракети, стои во новинарските написи.

Надзорот на ОН рекол дека постои реален ризик од нуклеарна катастрофа доколку борбите не престанат и ако на инспекторите не им биде дозволен пристап до нуклеарните централи.

Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат. Ситуацијата не е најјасна, но ризиците се очигледни, пренесуваат агенциите.

„Мојот работен ден е постојан стрес“, изјавила Свитлана, која зборувала за Би-би-си.

Друг жител на Енерходар рекол дека цените во продавниците и аптеките сега се четирипати повисоки отколку на територијата што сè уште ја контролира Украина и дека има недостиг од лекари. Повеќето од банкоматите не работат.

„Психолошката ситуација е тешка. Војниците се шетаат со оружје и нè држат сите нас пред нив“, додал тој.

Според новинарските извештаи, Украина ја обвинува Русија дека стационирала приближно 500 војници во областа на нуклеарната централа.

Европа

Русија почна со вежби со тактичко нуклеарно оружје

Објавено пред

Руските сили ја почнаа првата фаза од вежбите кои вклучуваат „практична обука за подготовка и употреба на нестратешко нуклеарно оружје“, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Владимир Путин ги нареди вежбите претходно овој месец. Москва ги поврза со, како што ги нарече, „милитантните изјави“ на западните официјални лица за кои рече дека претставуваат безбедносна закана за Русија.

Предупредување на Путин до Западот

Руското Министерство за надворешни работи ги цитираше коментарите на францускиот претседател Емануел Макрон, кој ја покрена можноста за испраќање европски сили да се борат против Русија во Украина, и британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон, кој рече дека Украина има право да користи оружје обезбедено од Лондон за напад на цели во Русија.

Безбедносните аналитичари велат дека вежбата е предупредување на Путин до Западот повеќе да не се вклучува во војната во Украина, на која и испорачува оружје и разузнавачки информации, но се воздржа од испраќање војници.

Министерството за одбрана соопшти дека во првата фаза од вежбата се вклучени ракетите Искандер и Кинжал.

Вежбите се одржуваат во Јужниот воен округ на Русија долж украинската граница и делови од Украина под контрола на Русија.

Белорусија, каде Русија распореди тактичко нуклеарно оружје минатата година, исто така ќе биде вклучена во вежбите, соопштија двете земји.

Тактичкото или нестратешкото нуклеарно оружје е помалку моќно од стратешкото оружје дизајнирано да избрише цели непријателски градови, но сепак има огромен деструктивен потенцијал.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Тежок скандал во романскиот парламент: пратеникот обвини поранешен сопартиец дека го удрил со колено во носот

Објавено пред

Сериозен скандал денеска се случи во романскиот парламент – пратеникот на ПНЛ, Флорин Роман изјави дека добил „удар со колено во носот“ пред пленарната сала на Собранието, од поранешен сопартиец, сега независен пратеник Дан Вилчеану, инаку поранешен министер за финансии, пренесува Либертатеа.

dobivaj vesti na viber

„Го прекорив независниот пратеник Дан Вилчеану за прекршување на правилата поради неговото присуство во клупите на групата ПНЛ. Неговиот проблем во парламентот беше да дознае колку градоначалници отишле во Калараши. Следеше вербална расправија, по што физички насилно бев исфрлен од пленумот“, напиша Флорин Роман на Фејсбук.

„Надвор од пленумската сала повторно бев физички нападнат, насилнички, со колено во носот“, тврди Роман, прецизирајќи дека тој не возвратил, туку дека ќе поднесе „кривична пријава против пратеникот хулиган“.

Претседателот на ПНЛ и на парламентот, Николае Чиука, рече дека „физичкото насилство е неприфатливо, особено кога тоа се случува овде, во зградата на парламентот“ и побара од раководството на Претставничкиот дом да преземе мерки против либералниот Дан Вилчеану.

Прикажи повеќе...

Европа

ЕУ одлучи да ги искористи замрзнатите руски средства за вооружување на Украина

Објавено пред

Советот на Европската унија денеска усвои низа правни акти за да се осигура дека нето добивката од неочекуваните пари и вонредните приходи од замрзнатите руски средства се користат за воена поддршка за Украина, како и за зајакнување на капацитетот на нејзината одбранбена индустрија и реконструкција.

dobivaj vesti na viber

Тоа значи дека финансиските институции кои чуваат руски замрзнати средства на своите сметки во износ од повеќе од еден милион евра ќе дадат финансиски придонес од нивната нето добивка акумулирана од 15 февруари годинава.

На 12 февруари 2024 година, Советот на ЕУ одлучи дека финансиските институции кои поседуваат повеќе од еден милион евра во средства и резерви на Руската централна банка, која е имобилизирана со низа рестриктивни мерки од страна на ЕУ, мора да ги издвојат вонредните средства што се акумулираат поради овие мерки и дека не можат да располагаат со нето добивката што произлегува од тоа.

Одлуката денеска и формално ја потврди Советот откако на почетокот на месецов беше постигнат договорот на амбасадорско ниво.

Според таа одлука, 90 отсто од овие средства ќе одат во фондот на ЕУ за воена помош за Украина, а останатите 10 отсто за нејзината одбранбена индустрија и одбрана.

Според проценките на ЕУ, замрзнатите руски средства би можеле да донесат меѓу 15 и 20 милијарди евра до 2027 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Осомничениот за двојното убиство Љупчо Палевски – Палчо, спроведен во Кривичниот суд: одреден му е притвор од 30 дена

Осомничениот за двојното убиство во Скопје и Велес од ноември минатата година, Љ.П. кој на 15.05.2024 година беше екстрадиран од...

Македонија3 часа

30-дневен притвор за судијата Наќе Георгиев

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал...

Македонија3 часа

Одземање на пасошот и мерки за претпазливост за Иџет Мемети, бара Обвинителството

Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до судијата на претходна постапка при Основниот...

Македонија7 часа

Иљази им забрани на докторите од Токсикологија да даваат изјави за медиумите

Економската директорка на Клиниката за токсикологија, Бесија Иљази, им забрани на вработените на Клиниката за токсикологија да даваат медиумиски изјави...

Македонија7 часа

Повеќе од 100 отсто зголемен бројот на претставки за дискриминација во 2023 година, Комисијата се жали на ограничен буџет и малкумина вработени

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација минатата година добила двојно повеќе претставки во однос на 2022 година. Денес, Комисијата...

Топ8 часа

Загина маж во Кичевско: со возилото излетал од патот

Вчера во 13.00 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат А2, кај с.Трапчин Дол, кичевско, патничко возило...

Топ8 часа

Тело на маж извлечено од Вардар кај Камениот мост – засега не е познат неговиот идентитет

Вчера, околу 20 часот, тело на машко лице било забележано од водите на реката Вардар во Скопје. Според изјавите на...

Македонија9 часа

Одземен имунитетот на судијата Наќе Георгиев, Обвинителството отвори истрага и против Мемети, но за него не се бара притвор

Обвинителството отвори истрага за врховниот судија Наќе Георгиев и за членот на Советот на јавните обвинители, Иџет Мемети, кои се...

Македонија9 часа

МВР утврди неправилности: забавниот парк со панорамско тркало во Карпош ќе биде отстранет

Постапувајќи по допрен глас дека во Скопје, на подрачјето на општина Карпош, поточно пред спортскиот центар „Борис Трајковски“, без соодветни...

Свет9 часа

Франција го поддржува Хаг во повикот за налог за апсење на Нетанјаху

Министерството за надворешни работи на Франција соопшти дека ја поддржува независноста на Меѓународниот кривичен суд и неговата борба против неказнивоста...

Македонија10 часа

Претрес и кај Иџет Мемети во случајот со барањето поткуп

Синоќа, по наредба на судија на претходна постапка, извршен е претрес во домот на членот на Советот на јавните обвинители,...

Свет10 часа

Најмоќната серија земјотреси во последните 40 години: јужна Италија за пет часа регистрира 150 потреси

Речиси 150 земјотреси, најсилни во последните 40 години, се регистрирани вчеравечер и утринава на полињата Флегра во близина на Неапол...

Свет12 часа

Едно лице загина во напад со украинско беспилотно летало во регионот на Белгород

Една жена загина, а три лица се повредени во напад со дрон на Вооружените сили на Украина врз автомобил во...

Свет12 часа

Најмалку 10 лица повредени од удар на гром во Дрезден

Најмалку десет лица се повредени, од кои четворица потешко, во удар на гром за време на краткото, но силно невреме...

Свет12 часа

Во Полска уапсени девет лица за акти на саботажа во име на Русија

Полскиот премиер Доналд Туск соопшти дека полицијата уапсила девет лица кои извршиле саботажа во Полска за услугите на Русија. „Во...

Македонија1 ден

Уапсен врховен судија поради сомненија за примање поткуп

Врховниот судија Наке Георгиев е уапсен поради сомнеж за примање поткуп. „Денеска 20 мај, лишен од слобода е судија од...

Свет1 ден

Нови детали за трагедијата во Иран: технички дефект е причина за падот на хеликоптерот, јавуваат иранските медиуми

Причината за падот на хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ебрахим Раиси е технички дефект на леталото, јавува иранската...

Топ1 ден

За пари, син со нож му се заканувал на таткото во Велешко

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против лице од селото Раштани за кое постои сомнение дека сторило кривично дело загрозување...

Македонија1 ден

Шверцувале мигранти од Босна и Херцеговина во Хрватска: на цариниците им плаќале по 1.500 евра

По спроведена истрага, УСКОК поднесе обвинение пред судот во Осиек против групата, во која беа вклучени двајца царински службеници, осомничени...

Економија1 ден

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука...