Свет
Разменети 200 руски и украински затвореници со посредство на Емиратите
Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) денеска објавија дека успеале да посредуваат за ослободување на 100 руски воени заробеници во замена за 100 украински воени заробеници.
Руското Министерство за одбрана на Телеграм ја објави веста за „хуманитарно посредување“ од ОАЕ, а истото го соопшти и украинскиот претседател Володимир Зеленски и украинското тело за следење на размената на воени заробеници.
Министерството за надворешни работи на ОАЕ соопшти дека ова е трет обид за посредување меѓу Русија и Украина, додавајќи дека повикува на дипломатија, дијалог и деескалација, објави државната новинска агенција ВАМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Андреј Белоусов за неговите должности како министер за одбрана на Русија: Имаме многу да работиме
Кандидатот за министер за одбрана на Русија, Андреј Белоусов денеска пред Советот на Федерацијата на консултациите за неговата кандидатура презентираше низа задачи на кои ќе работи доколку биде именуван.
„Парични компензации на воениот персонал што учествува во зоната на специјални воени операции, секакви плаќања, денес скалата е зголемена на најмалку 200.000 рубљи, но животот не е само за парични приходи, имаме на што да работиме , тоа важи и за обезбедување на станови за учесниците во специјалната воена операција“, рече Белоусов, пренесува РИА Новости.
Тој додаде дека планира да внимава и на военото здравство и изјави дека многу учесници во специјалната воена операција во Украина се соочени со фактот дека не се примени во цивилните клиники, а воените болници се преполни.
Свет
Еруптира вулканот Ибу во Индонезија, третото ниво на предупредување е во сила
Вулканот Ибу на островот Халмахера во Индонезија еруптира околу пет минути исфрлајќи пепел високо пет километри во воздухот, соопшти индонезискиот Центар за вулканологија и геолошки опасности.
Засега не се издадени наредби за евакуација, јавува „Ројтерс“. Во сила е третото ниво на предупредување од вкупно четири, а забранети се сите активности во радиус од пет километри, изјави раководителот на Центарот, Хендра Гунаван.
„Ако почне да паѓа пепел, им препорачуваме на луѓето што се во близина на вулканот да носат маска и очила“, додаде Гунаван.
Индонезија, архипелаг на кој живеат приближно 270 милиони луѓе, има 127 активни вулкани, а се наоѓа во т.н. пацифичкиот огнен прстен, област каде што се судираат повеќе тектонски плочи предизвикувајќи зголемена сеизмичка активност.
Свет
Сергеј Лавров: Ако Западот сака решение на украинската криза на бојното поле, Русија е подготвена
Доколку западните земји сакаат да ја решат украинската криза на бојното поле, тогаш Москва е подготвена за тоа, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
„Тоа е нивно право, ако сакаат да бидат на бојното поле, ќе бидат на бојното поле“, рече Лавров за време на консултациите во Советот на Федерацијата за неговото повторно именување за министер за надворешни работи, пренесува „РИА новости“.
Зборувајќи за конференцијата за Украина во Швајцарија, која е закажана за јуни и на која Русија не беше поканета, Лавров ја спореди ситуацијата со „укор за ученик“.