Европа
Расте бројот на жртви во рударската несреќа во Кина, многумина се водат како исчезнати

Најмалку четири лица загинаа, шест се повредени, а 49 се водат за исчезнати при уривање на рудникот за јаглен во северна Кина во средата, објавија државните медиуми.
Триста пожарникари за спасување, со 60 противпожарни возила и шест кучиња трагачи и спасувачи, денеска се на терен и трагаат по затрупаните рудари, пишуваат кинеските медиуми, пренесува „Ројтерс“.
Државната здравствена комисија во средата вечерта соопшти дека шест повредени лица се спасени и дека испратила 15 амбулантни возила со 45 медицински работници да помогнат во спасувањето.
Несреќата се случила во средата во автономниот регион Внатрешна Монголија, во отворен рудник во сопственост на компанијата за ископ на јаглен во Ксинџијанг.
Кинескиот претседател Шји Џјинпинг нареди пребарување и спасување во средата, објавија државните медиуми.
„Мораме да ги вложиме сите можни напори за да ги спасиме исчезнатите лица и да ги лекуваме повредените“, рече Шји. Премиерот Ли Кечијанг исто така побара брза истрага за причините за колапсот.
Локалните власти денеска итно наредија рудниците за јаглен во неколку големи рударски региони во Кина да извршат безбедносни инспекции, особено во површинските рудници. Внатрешна Монголија е најголемиот регион за производство на јаглен во Кина.
Јагленот е главниот извор на енергија во Кина, но рудниците се меѓу најсмртоносните во светот, главно поради слабото спроведување на безбедносните стандарди и покрај повторените владини наредби за подобрување на безбедноста во текот на годините, според „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Човек на Трамп: Предлогот на Путин е апсурден

Кит Келог, специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина и Русија, го отфрли предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за тридневен прекин на огнот. Келог истакна дека Вашингтон бара долгорочно примирје.
Коментирајќи го напредокот на мировните преговори во последните денови, тој изрази верување дека САД „се во прилично добра позиција кога станува збор за Украинците“. „А тридневно примирје е апсурдно“, нагласи тој, осврнувајќи се на предложеното примирје од 8 до 10 мај.
Тој додаде дека Трамп се залага за сеопфатен прекин на огнот „на море, во воздух и на копно“ што ќе трае најмалку 30 дена. „И потоа можеме да го продолжиме“, изјави тој.
„Кога ќе погледнете на сè околу што Украинците се подготвени да соработуваат, сега е до Русите, до Путин. Имаме една страна, ни треба друга страна. И мислам дека сме блиску“, продолжи тој.
Путин најави уште едно примирје кое ќе започне на полноќ на 8 мај и ќе трае до полноќ на 11 мај. Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека тридневното примирје објавено од Кремљ не е доволно, туку дека е потребен праведен и траен мир.
Британската одбранбена разузнавачка агенција верува дека тридневниот прекин на огнот што го објави Путин на Денот на победата има за цел да ја прикаже Русија како отворена за преговори и да ги ограничи украинските напади со долг дострел.
Европа
Фон дер Лајен: Светската трговија се врти кон Европа

Светската трговија се насочува кон Европа затоа што другите земји сакаат договори со ЕУ, изјави денес претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Претседателот на ЕК на митингот на Европската народна партија во Валенсија истакна дека Европската унија „веќе има најголема мрежа на договори за слободна трговија, 76 од нив“ со земји од целиот свет.
„Сега светската трговија се свртува кон нас“, смета фон дер Лајен, во време кога светот е загрозен од воведувањето на американските царини што ги објави американскиот претседател Доналд Трамп на почетокот на април.
„Сега соработуваме со Индија и Индонезија, Обединетите Арапски Емирати и Тајланд, Филипините и Малезија, со Пацификот. Сите тие сакаат договор со нас. Бидејќи ние сме фер, сигурни и играме според правилата“, нагласи таа. „Затоа, да останеме на тој пат, со ладна глава и обединети“, рече таа.
Фон дер Лајен изјави дека ЕУ мора паралелно да работи на зајакнување на својот единствен пазар преку елиминирање на непотребните национални бариери, борба против фрагментацијата и бирократијата.
Европа
(Видео) Пукање во Шведска, најмалку тројца убиени

Најмалку три лица се убиени во пукотница во фризерски салон во градот Упсала, потврди шведската полиција. Полицијата соопшти дека добила повеќе пријави од граѓани кои пријавиле истрели во близина на плоштадот Ваксала во центарот на градот.
Пукањето се случило во пресрет на Валпургиската ноќ, традиционален пролетен фестивал кој привлекува голем број луѓе на улиците секоја година. Според полицијата, неколку лица биле пронајдени со повреди што укажуваат на прострелни рани.
Shocking news from Uppsala-Sweden
Multiple fatalities in a shooting at Vaksala Square. Police confirm several injured, TV4 reports more victims deceased. Serious incident unfolding. #UppsalaShooting pic.twitter.com/nGPTd05Tmw— Niyak Ghorbani (نیاک) (@GhorbaniiNiyak) April 29, 2025
Шведските медиуми јавуваат дека маскираниот убиец избегал со електричен скутер и дека е во тек голема потрага, вклучувајќи го и учеството на полициски хеликоптер.
Голем дел од областа е ограден, а истрагата е во тек. Портпаролот на полицијата, Магнус Јансон Кларин, за локалните медиуми изјави дека добиле повеќе пријави за истрели во областа.
Идентитетите на жртвите и напаѓачот засега не се познати, ниту пак мотивот за нападот.