Свет
(Видео) Расте бројот на загинати во Сеул, претседателот Сук-Јол свика итен состанок

Постојано расте бројот на загинати луѓе во стампедото што се случи вечерва за време на Ноќта на вештерките во Сеул. Според последните податоци, загинале најмалку 146 луѓе, а преку 150 се повредени.
Не е позната причината зошто се случило стампедото. Властите соопштија дека ја истражуваат точната причина за трагедијата во Сеул.
Breaking: At least 50 injured after stampede during a Halloween party in the Itaewon area of Seoul, South Korea.
Warning- Graphic video:
pic.twitter.com/VqbR3fxZV6— PM Breaking News (@PMBreakingNews) October 29, 2022
Инцидентот се случил околу 22:20 часот по локално време (13:20 по Гринич), откако голем број луѓе се нашле во тесна уличка за време на прославата на Ноќта на вештерките, изјави за новинската агенција „Ројтерс“, Чои Сунг-беом, началник на противпожарната станица Јонгсан.
Според информациите, на местото имало над 100.000 луѓе.
На снимките од местото на настанот се гледаат вреќи со тела на улиците, здравствените работници ги реанимираат луѓето и спасувачите се обидуваат да ги извлечат луѓето заробени под други луѓе, пишува Би-Би-Си.
Претседателот Јон Сук-Јол претседаваше со итен состанок со високи функционери и нареди тимови за итна медицинска помош во областа, соопшти неговиот кабинет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Путин вели дека денес ќе разговара со Трамп

Рускиот претседател, Владимир Путин, денес изјави дека подоцна во текот на денот ќе разговара со својот американски колега Доналд Трамп.
Ова ќе биде шестиот јавно познат разговор меѓу двајцата лидери откако Трамп се врати во Белата куќа во јануари, а ќе се одржи во услови на досега неуспешни напори на Соединетите Американски Држави да преговараат за прекин на огнот во Украина.
Двајцата претседатели последен пат разговараа на 14 јуни, а главната тема на нивниот разговор беше Иран.
Европа
Украина припаѓа на Европската Унија, му рече данската премиерка на Зеленски

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, пристигна во Орхус, западна Данска, каде што ќе присуствува на одбележувањето на почетокот на данското претседателство со Советот на Европската Унија.
Според најавата на данската влада, Зеленски ќе разговара со премиерката Мете Фредериксен, претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, и со претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста.
Тие ќе разговараат за поголема воена поддршка за Украина, соработка со украинската одбранбена индустрија и нови санкции против Русија.
„Украина припаѓа на Европската Унија, тоа е во интерес и на Данска и на Европа. Затоа данското претседателство ќе направи сè што може за да ѝ помогне на Украина на патот кон членство во ЕУ“, рече Фредериксен.
Данската премиерка истакнува дека ЕУ мора да ја зајакне Украина и да ја ослаби Русија.
„Украина е клучна за безбедноста на Европа. Мора да го зголемиме притисокот врз Русија“, рече Фредериксен.
Свет
Песков: Крајот на специјалната воена операција во Украина ќе биде поблиску доколку пристигнува помалку оружје од Западот

Крајот на војната во Украина ќе зависи од количината западно оружје што ќе го добие Киев, изјави Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател, додавајќи дека Русија внимателно ја следи ситуацијата во врска со снабдувањето на Украина со оружје и дека забележува одредени проблеми.
„Колку помалку ракети пристигнуваат во Украина од странство, толку е поблиску крајот на специјалната воена операција“, истакна Песков.
Претходно, како што објави „РИА новости“, порталот „Политико“ пишуваше за привременото запирање на испораките на муниција и оружје од САД за Украина поради исцрпувањето на американските резерви.
Заменик-портпаролката на Белата куќа, Ана Кели, потврди за Ен-би-си дека имало прекин во испораките наведувајќи дека одлуката е донесена за да се заштитат интересите на Америка како приоритет.
Исто така, републиканскиот конгресмен и член на Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом, Брајан Фицпатрик, побара итен брифинг од Белата куќа и од Пентагон во врска со прекинот на воените испораки на Киев.
Коментирајќи ги овие наводи, Песков изјави дека „се чини оти американската индустрија не успева да произведе доволен број ракети, особено затоа што големи количини беа испорачани во Израел и во Украина, а испораките сè уште се во тек“ додавајќи дека Русија внимателно ја следи ситуацијата, пренесува „Танјуг“.