Свет
Режисерот на „Титаник“ за подморницата: „Ме погоди сличноста на катастрофата“
Режисерот на легендарниот филм „Титаник“, Џејмс Камерон, по објавувањето на трагичниот крај на потрагата по подморницата „Титан“, изјави дека го погодила сличноста на таа катастрофа со онаа во 1912 година.
Во интервју за Еј-би-си њуз, Камерон вели дека „катастрофалната имплозија“ на подморницата „Титан“ го потсетила на катастрофата во 1912 година кога потона „Титаник“.
„Ме погоди сличноста со самата катастрофа на „Титаник“, каде што капетанот беше предупреден неколку пати за мразот пред неговиот брод, а сепак со полна брзина истрча во леденото поле“, рече Камерон.
"I'm struck by the similarity."
James Cameron has compared the tragic loss of the Titan submersible to the very thing that may have led the Titanic to its own demise. https://t.co/BMC9Q4viim pic.twitter.com/X3vTNwZla4
— ABC News (@ABC) June 23, 2023
Режисерот и претходно предупредуваше на опасностите од подводна обиколка на потонатиот брод „Титаник“.
Тој рече дека тоа е едно од најопасните места на планетата. Тоа го кажа уште во 2012 година, а откако отиде на дното на океанот вкупно 33 пати, додека работеше на легендарниот филм.
„Одите на едно од најопасните места на Земјата. Не е како да можете да повикате помош на пат за да ви помогне“, изјави славниот оскаровец.
Сепак, и покрај големиот ризик кој го вклучува одењето на дното на океанот, Камерон вели дека гледањето она што никој досега не го видел, за него било подобро чувство од сите црвени килими и славата околу филмот што следел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бебето кое исчезна од породилиштето во Виена е пронајдено мртво во корпа за ѓубре, уапсена мајката
Бебето кое исчезна вчера од болница во Виена утрово е пронајдено мртво во корпа за отпадоци во близина на болницата, пишуваат австриските медиуми.
Како што соопштија истражителите, доенчето било завиткано во најлонска кеса, а мајката (29) на еднонеделното бебе е уапсена.
Вчера медицинската сестра забележала дека бебето не е во собата, а не била ниту мајката, па била повикана полиција која веднаш почнала интензивна потрага.
Ги проверувале сите автомобили, дури и ранците на велосипедистите, а во потрагата учествувале и кучиња трагачи. Во текот на вечерта мајката била сослушана во полиција. Што им кажала се’ уште не е познато.
Сослушан е и наводниот татко на детето, чие татковство мајката не сакала да го признае, велат од полицијата. Тој не е осомничен за кривичното дело.
Свет
Министерство за одбрана на Русија: Сите бојни глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта
Руското Министерство за одбрана соопшти дека сите бојни глави на балистичката ракета со среден дострел „Орешник“ стигнале до украинскиот воено-индустриски комплекс во Днепро (поранешен Днепропетровск).
„На 21 ноември 2024 година, како одговор на употребата на американско и британско оружје со долг дострел против објекти на територијата на Руската Федерација, вооружените сили извршија комбиниран напад врз еден од објектите на воено-индустрискиот комплекс. Нападот беше успешно искористен со ненуклеарна хиперсонична опрема“, се наведува во соопштението.
Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот вечерта објави дека Украина употребила западно оружје со долг дострел против руската држава поради што регионалниот конфликт доби елементи на глобален.
Тој исто така рече дека еден од најновите руски ракетни системи со среден дострел, балистичката ракета „Орешник“, бил тестиран во борбени услови.
Свет
Песков: Русија покажа способност да одговори на акциите на Западот
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија покажала способност да одговори на акциите на Западот со употреба на балистички ракети и оцени дека американската администрација во заминување продолжува да го следи патот на ескалација на конфликтот во Украина.
„Гледаме дека администрацијата во заминување на американскиот претседател Џозеф Бајден претпочита да оди понатаму по патот на ескалацијата и тоа го прави со прилично непромислена ескалација“, им рече Песков на новинарите.
Според неговите зборови, рускиот претседател Владимир Путин бил и останува отворен за контакти во врска со решавањето на украинскиот конфликт и транзицијата кон мирен пат.