РЕ-Дигитал
Робот до смрт здроби работник во фабрика во Јужна Кореја, помеша човек со кутии за храна
Робот во Јужна Кореја згмечил човек до смрт, затоа што го помешал со кутиите со храна со чиј пренос управувал, јавуваат локалните медиуми, а денеска јавува Би-Би-Си (Би-Би-Си). Инцидентот се случил кога вработен во компанија за роботика, на возраст од околу 40 години, го проверувал функционирањето на роботот.
Роботската рака, која го помешала човекот со кутија зеленчук, го зграпчила и го закачила на подвижната лента, згмечувајќи му го лицето и градите, пренесува јужнокорејската новинска агенција Јонхап.
Жртвата, која работела за производител на роботски раце, била пренесена во болница, но подоцна починала.
Според Jonhap, роботот се користел за кревање кутии со пиперки и нивно пренесување на палети.
Починатиот ја проверувал исправноста на сензорите на роботот пред да ја тестира машината во фабриката за сортирање пиперки, што било закажано за 8 ноември, односно денеска, соопшти полицијата, а пренесува Јонхап.
Тестот првично беше закажан за 6 ноември, но беше одложен за два дена поради проблеми со сензорот на роботот.
Работникот го направил тестирањето доцна во ноќта.
Во март годинава, маж од Јужна Кореја беше тешко повреден од робот во фабрика за автоделови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Прв национален инклузивен натпревар по роботика во Македонија
Овој викенд, на 28 февруари во Скопје, се одржа првиот национален натпревар „CTRI Innovation Robot Challenge“ – едукативен натпревар по роботика и иновации, наменет за деца и млади на возраст од 6 до 14 години.
Натпреварот е организиран од Здружението за развој на Технологија, Роботика и Иновации – CTRI, во коорганизација со Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, раководено од директорката Александра Јаковчевска.
Овој настан претставува историски чекор во развојот на националната STEM-сцена – за првпат во државата беше реализиран инклузивен национален роботски предизвик кој ги обедини технологијата, хуманоста и одржливиот развој во една силна образовна платформа.

Натпреварот е креација на м-р Васка Медиќ и Јованчо Зашаровски – основачи и визионери зад CTRI, кои ја создадоа првата национална инклузивна STEM-платформа каде технологијата не е само алатка, туку средство за општествена промена.
„Нашата цел беше да создадеме простор каде децата нема само да се натпреваруваат, туку ќе размислуваат, ќе создаваат и ќе учат како технологијата може да служи на луѓето и заедницата. Веруваме дека инклузивната роботика е иднината на образованието“, истакнуваат основачите Медиќ и Зашаровски.
На натпреварот учествуваа 19 тимови со над 50 директни учесници од Берово, Валандово, Скопје и Пехчево, додека настанот го посетија повеќе од 150 посетители. Натпреварот беше од отворен карактер и предизвика исклучителен интерес кај јавноста.
Децата се натпреваруваа во две возрасни категории (6–9 и 10–14 години), при што дизајнираа, градеа и програмираа едукативни роботи за да извршат јасно дефинирани мисии на натпреварувачките предизвици во ограничена временска рамка. Како основачи, посебен акцент ставивме на развојот на STEM знаења, критичко и креативно размислување, техничка функционалност, јасна презентација на решението, тимска работа и инклузија како суштинска вредност на целиот процес.

Натпреварот се реализираше преку две тематски категории што ја поврзуваат технологијата со хуманоста и одржливиот развој.
Првата категорија беше насочена кон роботски решенија за заштита на планетата и одржлив развој, каде тимовите дизајнираа роботи кои помагаат во заштита на животната средина, внимателно се движат низ чувствителни зони и носат поддршка за заедницата.
Втората категорија беше фокусирана на роботи кои поврзуваат луѓе, системи и информации – роботи како помошници, пријатели и поддршка во секојдневниот живот, со посебен акцент на пристапноста и инклузијата.
Главната порака беше јасна – вистинската технологија е онаа што ги вклучува сите.
Посебна тежина на настанот му даде фактот што истиот се одржа во Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“.
Покрај натпреварувачкиот дел, децата имаа можност да учествуваат во две тематски работилници. Здружението и училиштето овозможија интерактивна работилница за брајово писмо, каде учесниците се запознаа со тоа како децата со оштетен вид читаат и пишуваат. Ова искуство претставуваше силна лекција за емпатија, еднаквост и разбирање и ја нагласи суштината на инклузивното образование.

Дополнително беше реализирана работилница за научни експерименти од страна на SmartLab Kids, кои преку интерактивен пристап ја приближија науката до децата и го поттикнаа нивниот истражувачки дух. Организаторите изразуваат искрена благодарност за нивниот професионален придонес.
Во категоријата 10–14 години, првото место и титулата „Златен иноватор“ ја освои тимот ГАЛАКТИЧКИ БУРЕК, второто место „Сребрен стратег на роботика“ му припадна на БЕРОВСКИ ТЕХНОЛОГИИ, додека третото место „Бронзен технолошки лидер“ го поделија тимовите GTA BOYS и LAPTU.
Во категоријата 6–9 години, првото место „Големи иноватори“ го освои ROBOTIC’S INOVATORS, второто место „Робо-ѕвезди на иднината“ му припадна на TDM Engineers, а третото место „Млади креатори на идеи“ го освои тимот ДИГИТАЛКИ.
Специјални признанија беа доделени за Најдобар алгоритам на тимот АУТОБОТ, за Најдобра стратегија на PPK SPIKE, за Најдобра инклузија на Stitch, за Најдобра тимска работа на НАЈЈАКИ и за Иноватор на натпреварот на тимот МЕП.
„CTRI Innovation Robot Challenge не е само натпревар. Тоа е движење. Градиме генерација која размислува иновативно, работи тимски, создава решенија и верува дека технологијата треба да биде хумана, достапна и инклузивна за сите. Овој прв национален чекор е темел за идни поголеми STEM движења во Македонија“, порачуваат м-р Васка Медиќ и Јованчо Зашаровски.
Со овој настан, CTRI ја отвори вратата кон нова ера во едукативната роботика и инклузивната технолошка едукација во државата.
Hitech
„Нетфликс“ се повлече од купувањето на „Варнер брос Дискавери“
По неколкумесечни преговори, Нетфликс се повлече од понудата за купување на Варнер брос Дискавери, отворајќи му пат на Парамаунт и Скајденс во договор вреден околу 111 милијарди долари, објави Би-Би-Си.
Варнер брос Дискавери, кој е на продажба од минатата година, соопшти дека најновата понуда на Парамаунт е супериорна во однос на онаа на Нетфликс. Раководството на Нетфликс одби да ја зголеми понудата, наведувајќи дека трансакцијата повеќе не е финансиски привлечна по таа цена.
Во декември, Варнер брос Дискавери прифати делумна понуда од Нетфликс во вредност од околу 72 милијарди евра, која вклучуваше купување на филмското и ТВ студио и платформата Ејч-Би-О Макс.
Сепак, Парамаунт поднесе повисока конкурентска понуда, со што се наметна како фаворит. Калифорнискиот државен обвинител Роб Бонта изјави дека договорот сè уште не е конечен и дека регулаторите ќе спроведат темелна истрага.
Доколку биде одобрен, Парамаунт ќе го преземе Ејч-Би-О Макс, како и телевизиските мрежи во сопственост на Варнер брос Дискавери, вклучително и Си-Ен-Ен, што може значително да го промени стриминг и медиумскиот пазар во Холивуд.
Фото: Depositphotos
РЕ-Дигитал
Русија целосно ќе го блокира Телеграм
Русија се подготвува целосно да ја блокира популарната апликација за пораки Телеграм од 1 април, објави рускиот Телеграм канал База. Руското тело за цензура Роскомнадзор ниту ја потврди ниту ја негираше оваа информација, пишува Украинска правда.
Повикувајќи се на своите извори, База наведува дека Роскомнадзор ќе иницира целосно блокирање на апликацијата, слично на она што го направи со Инстаграм и Фејсбук. Овие социјални мрежи во сопственост на Мета се означени како екстремистички и забранети во Русија. Според истите извори, Телеграм треба да престане да работи на целата територија на Русија, и преку мобилен интернет и преку Wi-Fi мрежи.
Кога беше прашан за најавената блокада, Роскомнадзор кратко рече: „Агенцијата нема што да додаде на претходно објавените информации за ова прашање“.
фото/Depositphotos

