Свет
Рохани: Имаме докази коj го нападна нашиот танкер крај брегот на Саудиска Арабија, ќе одговориме

Иранскиот претседател, Хасан Рохани, изјави дека би било голема грешка да се каже дека Техеран нема да одговори на мистериозниот напад врз ирански танкер што се случи пред неколку дена во Црвеното Море, кај брегот на Саудиска Арабија.
Тој во Техеран на заедничката прес-конференција со пакистанскиот премиер, Имран Кан, рече дека Иран сè уште го истражува инцидентот, како и дека има некои докази за тоа кој стои зад нападот, без да даде други детали.
Според „Асошиетед прес“, пакистанскиот премиер Кан изјавил дека неговата земја е против секоја војна меѓу Саудиска Арабија и Иран.
Кан, кој се обидува да посредува за намалување на тензиите меѓу Техеран и сојузниците на Ријад, разговараше со иранските власти во неделата во Техеран.
Тој исто така ќе ја посети Саудиска Арабија подоцна во текот на неделата, додава АП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Судот на ЕУ: Комисијата мораше да ги објави СМС пораките меѓу Фон дер Лајен и шефот на Фајзер

Европската комисија погреши кога одби да ги објави текстуалните пораки меѓу Урсула фон дер Лајен и извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла, во екот на пандемијата на коронавирусот, пресуди судот на Европската унија, објави „Политико“.
Новинарите бараа увид во тајните пораки меѓу претседателката на Комисијата и раководителот на фармацевтска компанија, кои ги разменија во пресрет на потпишувањето на договорот за вакцини вреден повеќе милијарди долари меѓу Фајзер и ЕУ.
Оваа пресуда би можела да има големи последици врз транспарентноста и одговорноста во ЕУ и претставува сериозен удар врз угледот на Урсула фон дер Лајен.
Во соопштението, Општиот суд на Европската Унија изјави дека Комисијата не успеала убедливо да објасни зошто смета дека текстуалните пораки разменети во контекст на набавката на вакцина против коронавирусот не содржат важни информации.
Постоењето на овие пораки, кои Комисијата првично не ги потврди, беше откриено во интервјуто што фон дер Лајен го даде за „Њујорк тајмс“ во 2021 година. Сепак, извршната власт на ЕУ му рече на судот во Луксембург за време на сослушувањето минатата година дека нивната содржина не е доволно значајна за да се сметаат за документи и затоа не се регистрирани или достапни за новинарите.
„Комисијата не може само да тврди дека ги нема бараните документи, туку мора да даде веродостојни објаснувања што ќе им овозможат на јавноста и на Судот да разберат зошто овие документи не можат да се најдат“, се вели во соопштението на судот.
Европа
Зеленски: Ако Путин не дојде во Турција, тоа ќе изгледа како негов целосен пораз

„Никој не знае колку долго ќе трае војната. Но, не десет години. Украина нема да издржи… Русите нема да им веруваат на Украинците, а Украинците нема да им веруваат на Русите. Само надворешни посредници можат да гарантираат почитување на сите договори. Ако Путин не дојде во Турција, тоа ќе изгледа како негов целосен пораз“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Претходно портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека руската делегација ќе биде во Истанбул на 15 мај, додавајќи дека очекуваат и украинската страна да се појави на преговорите.
Европа
Шефовите на дипломатијата на членките на НАТО се состануваат во Турција: се бараат поголеми инвестиции во одбраната

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО денеска се среќаваат во Анталија, Турција, на последната рунда разговори на високо ниво пред самитот на западната воена алијанса во Холандија во јуни.
Домаќин на дводневниот состанок, на кој првенствено ќе се разговара за распределбата на средствата за одбрана и иднината на европската безбедност, е турскиот шеф на дипломатијата, Хакан Фидан.
На самитот на лидерите на НАТО во Хаг во јуни се очекува договор за нова цел за трошоците за одбрана, а агенцијата ДПА потсетува дека американскиот претседател Доналд Трамп постојано бара од сојузниците на НАТО драстично да ги зголемат воените трошоци.
Во моментов, членките на НАТО се подготвени да издвојат најмалку два проценти од БДП за одбрана, но некои сè уште издвојуваат помалку од тие два проценти. Европските членки на НАТО се соочуваат и со пресвртот на поддршката за Украина од страна на новата американска администрација и последиците од оваа политика за европската безбедносна архитектура.
Во Анталија ќе пристигне и американскиот државен секретар Марко Рубио. Се очекува министрите на НАТО да започнат консултации за време на вечерата и да продолжат со разговорите утре наутро.