Свет
Рудари во Канада заробени повеќе од 24 часа на длабочина од 1.200 метри, во тек е спасувачка акција

Најмалку 39 рудари се заробени под земјата повеќе од 24 часа во северната канадска провинција Онтарио, објави компанијата што управува со рудникот.
Во тек е спасувачка операција, а раководството на рудникот објави дека нема повредени.
Рударите останаа на длабочина меѓу 900 и 1.200 метри поради дефект во лифтот што ги спушти работниците во јамата.
Компанијата соопшти дека се очекува сите да бидат изнесени на површина до вечерва, како и дека рударите имаат пристап до вода, храна и лекови.
„Се надеваме дека сите рудари ќе бидат извлечени од окното до вечерва“, се наведува во соопштението на бразилската рударска компанија „Вале“ и се додава дека никој од рударите не е повреден.
Раководството на рудникот претходно потврди дека несреќата во рудникот за бакар, никел и благородни метали се случила во неделата кога железничкото возило се лизнало од шините и го блокирало тунелот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
40 ранети во Израел, двајца критично

Вкупно 40 лица побарале медицинска помош по вечерашниот ирански ракетен напад врз Израел, соопштија локалните здравствени служби. Двајца од повредените се во критична состојба.
Најголем број пациенти се лекуваат во болницата Ичилов во Тел Авив – 18 лица.
Според лекарите, пријавените повреди вклучуваат рани од шрапнели, вдишување чад и состојба на шок.
Свет
Израелската војска: Иран истрела помалку од 100 балистички ракети, повеќето ги пресретнавме

Портпаролката на израелската војска, Ефи Дефрин, рече дека помалку од 100 балистички проектили биле истрелани од Иран кон Израел.
Дефрин рече дека „повеќето од ракетите биле пресретнати од воздушната одбрана или паднале пред да стигнат до израелска територија“.
„Регистрирани се ограничен број погодоци на згради, а дел од штетата е предизвикана од фрагменти од пресретнати проектили“, додаде тој.
Според израелските медицински служби, во нападот биле ранети 40 лица.
Свет
Нетанјаху: Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва и порача на јавноста дека можат да ги напуштат засолништата, откако новиот бран ирански ракети прелета над израелска територија.
„Иранскиот режим никогаш не бил послаб. Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот“, рече Нетанјаху во вечерашното обраќање.
Тој директно им се обрати и на граѓаните на Иран: „Јас сум со вас, израелскиот народ е со вас“, рече тој.
Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека Иран „ја преминал црвената линија со лансирање ракети кон израелските цивилни области“ и најави: „Техеран ќе плати висока цена“.
Оваа иранска одмазда следеше по израелските воздушни напади на иранска територија, при што беа погодени нуклеарни постројки и беа убиени високи команданти и научници.