Свет
Русите бараат притвор за уште три лица за масакрот во Москва
Рускиот истражен комитет побара притвор за уште тројца обвинети во случајот со терористичкиот напад во центарот Крокус во Москва.
„Примени се уште три досиеја: тоа се Аминчон Исроилович Исломов, Диловар Исроилович Исломов, како и Исроил Ибрагимович Исломов, соопшти судот за агенцијата РИА Новости.
Тие се обвинети за помагање на терористите кои го нападнаа Крокус – браќата Исломов – се приклучиле на терористичката група во јануари и март оваа година, објави Рускиот истражен комитет.
Според последните податоци, во петокот вечерта во терористички напад на концертна сала во предградието на Москва загинаа 137 лица, меѓу кои три деца, а околу 150 се повредени.
Сите насилници се приведени во саботата во Брјанскиот регион. Се покажа дека станува збор за државјаните на Таџикистан, Далерјон Мирзоев, Саидакрами Рачабализода, Шамсидин Фаридуни и Мухамедсобир Фајзов. Ним им е одреден притвор до 22 мај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Патниците панично врескаат додека бегаат од авион кој се запали при полетување во Сенегал
Боинг 737-800 со 78 патници и членови на екипажот се лизна од пистата и се запали на аеродромот во Сенегал. На социјалните мрежи се појави застрашувачко видео на кое се гледа како патниците панично бегаат од авионот и врескаат од страв додека авионот гори.
Несреќата се случила при полетување, кога авионот се излизгал од пистата и завршил во шума.
Авионот се запалил по инцидентот и претрпел сериозна штета.
Европа
Голем протест во Шведска, не го сакаат Израел на Евровизија, меѓу демонстрантите и Грета Тунберг
Вечерва претставникот на Израел настапува на Изборот за песна на Евровизија што се одржа во арената Малмe во Шведска, што предизвика повеќе протести кои се одржаа денеска во Малме.
„Ќе имаме многу видлива полиција на терен“, изјави портпаролот на полицијата Филип Анас. „Им беше дадена дозвола бидејќи оценуваме дека може безбедно да се спроведат. Доколку има некакво нарушување, ќе се справиме со тоа“, додаде тој.
Во 16 часот започна протестот против учеството на Израел на Евровизија, а организаторите очекуваа до 25.000 луѓе. Од полицијата велат дека се собрале меѓу 6.000 и 8.000 луѓе.
Локалните медиуми јавуваат дека на улиците излегле граѓани од сите генерации, вклучувајќи родители и деца. Демонстрантите удираа во тапани и извикуваа палестински пароли. Некој закачи палестинско знаме на покривот на улична кујна.
„Не го слушате ли детскиот плач? Не ја гледате крвта на децата? Сите деца се еднакви“, извикуваа демонстрантите.
На протестот е и шведската активистка Грета Тунберг.
Во 18:00 часот на друга локација во градот ќе се одржи музичка демонстрација за поддршка на учеството на Израел на Евровизија.
Третиот настан ќе се одржи вечерва во Хили, каде се наоѓа арената Малме. Тоа е уште еден протест против учеството на Израел во музичкиот натпревар.
Свет
ТикТок почнува да означува содржини направени со вештачка интелигенција
Социјалната мрежа ТикТок објави дека ќе започне автоматски да ја означува секоја содржина создадена со вештачка интелигенција (ВИ).
„ВИ овозможува неверојатни креативни можности, но може да ги збуни и заведе гледачите ако не знаат дека содржината е создадена со помош на вештачка интелигенција. Означувањето е важно за да се направи контекстот појасен“, се вели во соопштението на ТикТок.
Содржината на ТикТок претходно беше означена ако е создадена со помош на вештачка интелигенција на таа платформа, но ова сега ќе биде случај и со вештачката интелигенција надвор од ТикТок.