Свет
Русија вети ќе се спротивстави на новите нелегални американски санкции за Венецуела и Куба
Русија ќе се спротивстави на новите нелегитимни ограничувања што САД им ги наметнаа на Венецуела и на Куба, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, за „Спутник”.
„Загрижени сме поради континуираните дејства на САД кон земјите од регионот на Латинска Америка. Гледаме дека санкциите се апсолутно незаконски и нелегитимни. Ние ќе им се спротивставиме зашто Венецуела и Куба се наши сојузници и стратешки партнери во регионот. Ќе сториме сé што може да ја почувствуваат нашата поддршка”, рече Рјабков.
Во средата САД воведоа санкции за Централната банка на Венецуела. Советникот за национална безбедност на САД, Џон Болтон, рече дека овој потег треба да испрати силно предупредување до надворешни актери, вклучувајќи ја и Русија, против распоредување воени средства во Венецуела за поддршка на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.
Претходно, руското МНР истакна дека Русија не ги прекршила ниту меѓународните ниту венецуелските закони со своите дејства и дека не го променила балансот на силите во регионот.
Исто така во средата американскиот државен секретар, Мајк Помпео, објави дека САД ќе им дозволат на американските државјани да ги тужат странските компании кои имале корист од нивните имоти што ги зазеде Куба откако таму на власт дојде Фидел Кастро.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Германија со предупредување за „црн мраз“ на патиштата
Германската метеоролошка служба издаде предупредување за „црн мраз“, мраз на патиштата во областа од Хамбург до централна Баварија и низ целата покраина Северна Рајна-Вестфалија.
„Избегнувајте непотребни патувања и останете во затворен простор колку што е можно повеќе“, се вели во соопштението, пренесува „Билд“.
Во текот на ноќта во Германија се случија голем број сообраќајни несреќи поради мраз на патиштата, според медиумот.
Надлежните служби во покраината Баден-Виртемберг објавија дека имало неколку сообраќајни несреќи предизвикани од мраз.
Во делови од Баварија, многу патишта ќе останат затворени денес поради ризик од паѓање дрвја или кршење гранки, пренесува Танјуг.
Свет
(Видео) Огромно свлечиште во Сицилија: најмалку 1.500 жители се евакуирани
Најмалку 1.500 жители на градот Нисеми, во јужна Сицилија, беа евакуирани од своите домови откако силната бура, предизвикана од циклонот Хари, предизвика големо свлечиште на ридот над градот. Свлечиштето отвори процеп долг околу четири километри, кој продолжува да се шири и се заканува да ги зафати најранливите делови од населбата.
Градоначалникот на овој ридски град, Масимилијано Конти, рече дека ситуацијата е исклучително сериозна, бидејќи дел од наклонот целосно попуштил, оставајќи бројни куќи опасно надвиснати над работ на карпата. Како што објавува Гардијан, првите знаци на поместување на земјата беа забележани во неделата, но свлечиштето набрзо се претвори во широк фронт што се протега на километри.
26.01.2026#Italy
1,500 people were affected by a landslide caused by rain in Niscemi, Sicily. The landslide extended 4 kilometers, isolating entire neighborhoods and destroying infrastructure, damaging roads and water mains.Twenty homes were damaged,and 15 cars were washed away. pic.twitter.com/bhpuD8hokR— Climate Review (@ClimateRe50366) January 26, 2026
Постои сериозен страв дека свлечиштето би можело да го проголта историското јадро на градот. „Ова е драматично свлечиште“, рече Конти во видео обраќање објавено на социјалните мрежи, апелирајќи до граѓаните надвор од оградените зони да останат во своите домови и да не преземаат непотребни ризици.
“Incredible images of the landslide that is currently striking the city of Niscemi, Sicily, Italy 🇮🇹”
TELEGRAM JOIN 👉 https://t.co/9BxDsKDVZ1 pic.twitter.com/QzDscvRutc
— ByTheSea (@TheLittleNest_) January 26, 2026
„Не сакам никој да го сфати овој настан лесно. За среќа, никој не е повреден, но материјалната штета на куќите е голема“, рече градоначалникот.
Генералниот директор на Цивилната заштита на Сицилија, Салваторе Кочина, предупреди дека се очекува сите згради во зоната од 50 до 70 метри од пукнатината да се урнат, поради што безбедносните мерки се дополнително заострени.
Поради вонредната состојба, училиштата во Нисеми денес беа затворени, а патот што го поврзува градот со крајбрежниот град Џела беше затворен за сообраќај. Повеќето од евакуираните беа привремено сместени кај роднини и пријатели, додека неколку стотици луѓе ги поминаа последните две ноќи во локалната спортска сала.
Градот има околу 25.000 жители, а локалните власти предупредуваат дека ситуацијата ќе биде внимателно следена во наредните денови, бидејќи постои опасност од понатамошно ширење на свлечиштето.
Свет
Kинескиот претседател: Кина и Европа се партнери, а не соперници
Кина и Европа се партнери, а не соперници, изјави кинескиот претседател Шји Џјинпинг на денешната средба со финскиот премиер Петер Орпо во Пекинг, објави Синхуа.
Шји ја изрази подготвеноста на Кина да соработува со Финска за цврсто да го поддржи системот со Обединетите нации во центарот, врз основа на меѓународното право, за заедничко справување со глобалните предизвици.
Тој нагласи дека двете земји треба да промовираат праведен и уреден мултиполарен свет, како и универзално корисна и инклузивна економска глобализација.
Шји ја повика Финска да игра конструктивна улога во промовирањето на здрав и стабилен развој на односите меѓу Кина и Европската Унија и предложи длабинска соработка во области како што се енергетската транзиција, циркуларната економија, земјоделството, шумарството и научните и технолошките иновации.
Кинескиот претседател ги поздрави финските компании, повикувајќи ги да „пливаат во огромниот океан на кинескиот пазар“ со цел да ја зајакнат својата глобална конкурентност.
На состанокот беа разгледани и теми како што се безбедноста на Арктикот, инцидентот со подморските кабли и поддршката на Северна Кореја за руската инвазија на Украина, во контекст на претходните разговори меѓу Шји и финскиот претседател Александар Стаб во 2024 година.

