Свет
Русија в година ќе бара екстрадиција на пилотот Јарошенко од САД
Русија ќе може да побара екстрадиција на пилотот Константин Јарошенко од САД во Русија следната година, изјави рускиот комесар за човекови права, Татјана Москалкова, пренесува ТАСС.
„Досега немаме механизам или патоказ кој би можел да го реши ова прашање. Ние одржуваме контакт со неговата сопруга. Ќе контактирам со американските официјални претставници и ќе побарам да го преместат тука по завршувањето на правниот период со кој ќе му се дозволи да бидат екстрадиран идната година”, рече таа.
Минатата недела Москалкова изјави дека планира да им се обрати на американските официјални претставници со барањето за екстрадиција на Јарошенко во Русија поради неговата влошена здравствена состојба.
Рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов, со писмо го извести Јарошенко дека американското Министерство за правда го разгледува барањето на Русија за негова екстрадиција во согласност со Конвенцијата од 1983 година за предавање на осудените лица.
Јарошенко беше уапсен во Либерија во мај 2010 година, а подоцна беше тајно префрлен во САД. Во септември 2011 година, тој беше прогласен за виновен за заговор за криумчарење голема кокаинска пратка во САД и осуден на 20 години затвор. Сепак, Јарошенко се изјасни за невин, велејќи дека неговото апсење било „местенка“ и дека случајот бил фабрикуван.
Рускиот пилот прво беше испратен во сојузниот затвор „Форт Дикс“, но во средината на јуни 2018 година прво беше префрлен во транзитен затвор во Бруклин, Њујорк, а потоа во затворот „Данбери“, во кој има повеќе од 1.400 затвореници.
Сопругата на Јарошенко, Викторија, претходно изјави дека лекарите во затворот „Данбери“ му отстраниле бенигни тумори од стомакот на пилотот. Руските власти и семејството на пилотот во неколку наврати побараа Вашингтон да го екстрадира во Русија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Аргентина откриен нов вид диносаурус
Аргентинските палеонтолози објавија дека откриле нов вид диносаурус, наречен Chakisaurus nekul, кој живеел пред околу 90 милиони години во областа на денешна Патагонија.
Chakisaurus nekula е тревојаден диносаурус со средна големина, а фосилот е пронајден во природниот резерват Пуебло Бланко, во јужната провинција Рио Негро, каде што претходно биле пронајдени бројни остатоци од други диносауруси, цицачи и риби.
Се смета дека најголемиот чакисаурус достигнал големина од три метри во должина и 70 сантиметри во висина, а новите студии покажуваат дека овој тип на диносаурус трчал брзо и имал невообичаено закривена опашка, наведува Ројтерс.
Свет
Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми
Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на огнот во Појасот Газа, откако палестинската милитантна група ја одби понудата подготвена од преговарачите од Катар, Египет и САД, пишува The Times of Israel повикувајќи се на израелски портали.
Воениот кабинет на Израел сега е подготвен да прифати ослободување на само 20 заложници во првата фаза од договорот под услов жените, мажите над 50 години и тешко болните да бидат ослободени, а кабинетот во четвртокот го овласти преговарачкиот тим на Израел да разговара за повеќе флексибилен пристап со египетската делегација, која денеска во Тел Авив ќе има дополнителни разговори, објави израелската веб-страница Инет.
Неименуван висок израелски функционер подоцна изјави за веб-страницата дека Израел всушност се согласил да ослободи 33 заложници, а веб-страницата наведе дека Хамас инсистирал бројот на ослободените заложници да биде приближно 20.
Претходниот предлог вклучуваше ослободување на 40 заложници во тие категории, но Хамас рече дека нема толку многу жени, мажи над 50 години и тешко болни кои се уште се живи.
Свет
Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него
Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди долари, објави порталот Политико, цитирајќи неименуван американски функционер.
Според официјални лица, пакетот оружје вклучува контраартилериски радар, тактички возила, пресретнувачи Патриот, беспилотни летала, артилерија, прецизна муниција и системи против беспилотни летала.
На почетокот на неделава Претставничкиот дом на американскиот Конгрес донесе закон за пакет воена помош за Украина, Израел и кинескиот регион Тајван во вредност од 95 милијарди долари, од кои 61 милијарда долари се наменети за помош на Украина.
Лидерот на Демократите во Сенатот Чак Шумер изјави дека оставил порака за украинскиот претседател Володимир Зеленски, која гласи: „Завршивме. Сега – победи“.
„Овој предлог-закон е една од најважните мерки усвоени од Конгресот долго време за заштита на американската безбедност и безбедноста на западните демократии“, рече Шумер.