Свет
Русија ги одликува пилотите што го соборија американскиот дрон над Црното Море
Државната руска новинска агенција РИА објави дека рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу им доделил државни награди на пилотите на авионот „су-27“, кој удри во американско беспилотно летало над Црното Море.
Наградата ја добија затоа што „спречија кршење на границите во областа на специјалната операција“.
Американската војска во вторникот објави дека руски борбен авион го погодил пропелерот на шпионскиот дрон, кој потоа се урна во Црното Море. Русија тврдеше дека тоа не е точно и дека авионот паднал поради „остри маневри“.
Стејт департментот го повика рускиот амбасадор Анатолиј Антонов за да ја изрази американската загриженост за инцидентот, прв од ваков вид од почетокот на војната во Украина пред повеќе од една година. Кремљ вчера објави дека по тој инцидент, односите со САД се на најниска точка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Силен земјотрес ја погоди Романија
Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Романија во областа Вранча, соопшти романскиот национален институт.
Земјотресoт со умерен интензитет се случи во 11.53 часот на 64 километри источно од Брашов со епицентар на длабочина од 110 километри.
Засега нема информации за материјална штета или евентуални жртви во земјотресот.
Свет
Словачка: Кривична истрага за обелоденување информации за здравјето на Фицо
Окружното обвинителство во Банска Бистрица поведе кривична истрага поради обелоденување информации за здравствената состојба на словачкиот премиер Роберт Фицо, кој беше ранет во обид за атентат минатата недела, соопшти денеска словачкиот државен обвинител.
Обвинителот Марош Жилинка објави дека на 17 мај е поведена истрага поради неовластено постапување со лични податоци, пренесува ТАСР.
Вицепремиерот Роберт Калињак на прес-конференција изјави дека сè уште е невозможно да се процени кога Фицо ќе закрепне и дека неговата здравствена состојба е сè уште многу сериозна, пренесува „Правда“.
Свет
Израел ги повика ирскиот, шпанскиот и норвешкиот амбасадор, ќе им ги пуштаат снимките од киднапирањата
Израел ги отповика своите амбасадори во Шпанија, Ирска и Норвешка. Исто така, ги покани и амбасадорите на Ирска, Шпанија и Норвешка во Израел на разговор во текот на кој ќе гледаат видеа од киднапирањето на 7 октомври, пишува Би-би-си.
„Историјата ќе памети дека Шпанија, Норвешка и Ирска решија да доделат златен медал на убијците и силувачите на Хамас, кои силуваа тинејџерки и палеа бебиња. Наредив амбасадорите веднаш да бидат повикани на разговор за време на кој ќе гледаат ужасни снимки од киднапирањето за да им илустрираме каква извртена одлука донесоа нивните влади. Израел нема тивко да помине преку ова – нивниот потег ќе има сериозни последици“, рече израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац.