Свет
Украинскиот министер: Оние што не нè поддржаа во војната, ќе ја платат цената во иднина
Украинскиот шеф на дипломатијата, Дмитро Кулеба, во интервју за Би-би-си изјави дека земјите што ја злоупотребиле Украина ќе одговараат по завршувањето на војната. Тој рече дека изборот на секоја земја, по руската агресија, ќе се земе предвид во однос на градењето на идните односи.
Кулеба предупреди дека доцнењето во испораката на оружје од Запад може да ги чини Украинците живот. Исто така, украинскиот министер за надворешни работи зборуваше за Би-би-си за тоа како верува дека војната ќе заврши, каква е улогата на Кина во војната и за разочарувањето што папата Франциско сè уште не ја посетил Украина за време на војната.
„Ако една испорака на оружје доцни за еден ден, тоа значи дека некој ќе загине на линијата на фронтот“, рече Кулеба.
Министерот рече дека земјите што не ја поддржувале Украина, како и оние што лошо се однесувале кон Украина за време на војната, ќе ја платат цената во иднина. Кулеба појасни дека размислувал да гради идни односи.
Шефот на украинската дипломатија вели дека западните сојузници не обезбедуваат воена поддршка за неговата земја доволно бргу бидејќи не биле подготвени за конфликт од исти размери како Првата светска војна. Кулеба рече дека Украинците сакаат нивните партнери да дејствуваат побргу.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пленковиќ, хрватскиот премиер кој доби трет мандат најави прва седница за понеделник
Откако хрватскиот Сабор вчера ја поддржа 16. Влада на Република Хрватска, а третата предводена од лидерот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) Андреј Пленковиќ, тој во изјава за медиумите рече дека првата седница на новата Влада ќе биде во понеделник и најави продолжување на посветената работа во интерес на хрватскиот народ.
„Благодарам на мнозинството во хрватскиот Сабор што ни ја укажа довербата да станеме Влада на Република Хрватска по трет пат и ние, како што правевме претходните осум години, посветено ќе работиме во интерес на хрватскиот народ, сите наши сограѓани, економијата, врската меѓу татковината и иселениците Хрвати и да спроведеме програма врз основа на која ја добивме довербата на хрватските гласачи“, рече Пленковиќ откако Собранието гласаше за неговата трета Влада
Тој им се заблагодари на сите партнери кои ја поддржаа Владата.
Пратениците во хрватскиот Сабор вчера гласаа за доверба на новата влада на премиерот Андреј Пленковиќ.
За доверба на Владата гласаа 79 пратеници, против беа 61 пратеник, а еден беше воздржан.
Свет
Убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец
Вчера од вооружени лица во централен Авганистан се убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец, а четворица странски државјани и тројца Авганистанци се ранети, соопшти талибанското Министерство за внатрешни работи.
Според светските агенции не е позната националноста на туристите, ниту кој го извршил нападот за кој што се уапсени четири лица.
Свет
Рјабков: Русија нема доверба во НАТО
Геополитичките проекти со НАТО сега се невозможни, Москва нема доверба во Алијансата и кај нас предизвикува политичка и емотивна одбивност, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.
„Геополитички дизајн од секаков вид со НАТО е невозможен. НАТО не е пандан способен за преговори, тоа е групација во која не само што немаме ни најмала доверба, туку ни предизвикува политички и, дури би рекол, емотивна одбивност“, рече Рјабков во интервју за ТАСС.
Тој посочи дека Русија ќе работи со оние „кои се подготвени да преговараат на еднаква основа“.
„Големиот евроазиски простор, концептите на евроазиската безбедност, се она што доаѓа во центарот на вниманието на архитектонските проекти во однос на политиката и геополитиката. Според нас, тоа е она на што пред се треба да се фокусираме“, посочи Рјабков.