Свет
Русија го стопираше договорот за жито: „Тоа ќе влијае на оние кои се на работ на гладување“
Русија го стопираше договорот за жито, чија цел беше да се спречи глобалната криза со глад, соопшти украинското Министерство за обнова. Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш претходно ја истакна важноста на Црноморскиот договор, кој беше наменет за „најранливите луѓе на работ на гладување“.
Украина, еден од најголемите светски извозници на жито и сончогледово масло, постигна договор со Русија во јули за слободен премин на товар со земјоделски производи од блокираните пристаништа.
„Големите извозни пристаништа како Мариупол или Херсон се окупирани“
Во саботата Русија објави дека се повлекува од договорот поради нападот на украинската армија врз нејзините бродови на Крим, каде што е укотвена руската морнарица. Ихор Корхови, заменик-министер за регионален развој на Украина, рече дека неколку украински пристаништа веќе биле оневозможени за извоз на жито дури и пред повлекувањето на Русија од договорот.
„Големите извозни пристаништа како Мариупол или Херсон се окупирани, а пристаништето во Миколаев не работи од безбедносни причини. Така, четири или пет пристаништа се надвор од употреба“, рече Корховиј во интервју за Хина.
„Тие пристаништа беа главен сообраќаен коридор за извоз на жито и челик, така што капацитетот на овие што ги имаме сега е недоволен“, рече Корховиј.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Насилство на пропалестинските демонстрации во Берлин, полицијата употреби солзавец
На пропалестинските демонстрации во Берлин минатиот викенд, насилство избувна кога демонстрантите почнаа да ја гаѓаат полицијата со камења и шишиња, а полицијата одговори со солзавец.
По повод годишнината од смртоносниот напад на Хамас во Израел, полицијата распореди околу 2.000 свои членови поради најавените протести, пренесува „Берлингер Моргенпост“.
Во саботата пропалестинските демонстранти маршираа од Темпелхоф до Бранденбуршката порта, а во неделата беа одржани демонстрации во Кројцберг и Нојколн, пишува порталот ТРТ Ворлд.
Регион
Два земјотреси во Грција: Првиот удар 4,6 степени, а вториот 4,9
Два силни земјотреси утрово ја погодија Грција. Првиот беше со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала, а вториот 4,9. Како што соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC), епицентарот бил островот Крит.
Првиот земјотрес се случил на длабочина од 10 километри, додава EMSC, а епицентарот бил на 40 километри југоисточно од градот Сити, кој има околу 9.000 жители.
Засега нема информации за жртви и материјална штета.
Регион
„Заедно до крај“: Сопружници беа пронајдени прегрнати под урнатините во Јабланица
Босна и Херцеговина на 4 октомври беше погодена од катастрофални поплави, кои однесоа човечки животи.
Тешка е ситуацијата во неколку градови во БиХ, но убедливо најтешка е во Јабланица.
Во екот на разорните поплави што ја погодија БиХ, особено е потресна приказната за брачната двојка Ирмела и Јасмин Чилиќ, чии тела прегрнати ги пронашле спасувачите под урнатините во Јабланица.
Тие останале еден со друг до крај, но за жал не можеле да се извлечат. Биле познати во нивната заедница како топли и грижливи луѓе, а нивната љубов и поврзаност послужија како инспирација за многу луѓе.