Европа
Русија и Иран подготвуваат размена на борбени авиони?

Русија и Иран наводно подготвуваат голема размена на борбени авиони по што Техеран првпат во последните неколку децении ќе добие нови борбени авиони, а Русите ќе имаат беспилотни летала веќе тестирани во нападите врз базите на централното разузнавање на Блискиот Исток, пишуваат светските медиуми.
Според написите, иранската војска обучувала руски офицери за користење беспилотни летала, изјавиле официјални лица на Пентагон, само неколку дена откако сателитски снимки на руска воздухопловна база идентификувале 18 борбени авиони „су-35“, наводно подготвени за испорака на властите во Техеран.
Веста за можна испорака на ирански беспилотни летала во Русија ја соопштил советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, наведувајќи дека некои од авионите, веројатно, веќе се во рацете на руските вооружени сили.
„Нашите информации сугерираат дека иранската влада се подготвува да испорача неколку стотици (дронови), вклучително и верзии способни да носат оружје“, изјавил Саливан за новинарите.
Според медиумите, обуката на руските војници почнала на почетокот на јули, а руски експерти најмалку во два наврата ја посетиле новоотворената тајна база на беспилотни летала во околината на Техеран.
Во новинарските извештаи стои дека иранските власти постојано ги демантираат овие информации наведувајќи дека немаат намера да помогнат на која било страна во украинскиот конфликт, но претходно потврдиле дека единиците задолжени за управување со беспилотни летала на двете армии размениле неколку посети во изминатите години, според агенциите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин