Свет
Русија и Украина разменија уште по 100 воени заробеници
Руското Министерство за одбрана соопшти дека денеска е извршена уште една размена на затвореници.
Според формулата еден на еден, 100 руски воени заробеници беа разменети за 100 украински.
Размената на затворениците е извршена со посредство на Обединетите Арапски Емирати.
Ова е втора размена во која ОАЕ ја игра улогата на посредник.
„Обединетите Арапски Емирати обезбедија хуманитарен посредник за враќање на рускиот воен персонал од заробеништво“, се вели во соопштението на Министерството.
Ослободените војници ќе бидат префрлени во Москва, каде ќе бидат на лекување и рехабилитација.
Министерството за одбрана на Русија нагласи дека на целиот воен персонал му била укажана потребната медицинска и психолошка помош.
Медиумите потсетуваат дека претходната размена на затвореници меѓу Русија и Украина беше на 31 јануари Потоа во Русија се вратиле 195 војници, односно во својата земја се вратиле 195 украински војници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Санчез: Шпанија ќе ја признае Палестина само во заедничка акција со другите земји
Премиерот на Шпанија, Педро Санчез, денеска изјави дека Мадрид ќе ја признае палестинската држава само во рамките на заедничката акција со другите земји.
Во интервју за ТВ-станицата „Ла Секста“, Санчез ги негира и информациите дека Мадрид ќе ја признае Палестина на 21 мај, пренесува „Ројтерс“.
Тој претходно изјави дека очекува Мадрид да ја признае Палестина до јули и оти верува дека набргу ќе има критична маса во ЕУ, која ќе принуди неколку членки да заземат ист став.
Свет
Кина инвестира милијарди на пазарот на недвижности поради кризата во секторот
Кинеските власти воведоа нови мерки за борба против кризата во секторот на недвижности, вклучително и намалување на партиципацијата за купување имот и охрабрување на локалните власти да купуваат непродадени имоти.
Проблемите на кинескиот пазар на недвижности имаат големо влијание врз втората по големина економија во светот бидејќи индустријата во земјата до неодамна беше клучен двигател на економскиот раст.
Народната банка на Кина (PBOC) соопшти дека ќе издвои 300 милијарди јуани (41,5 милијарда долари) за поддршка на прифатливи станови.
Свет
Израел ја брани офанзивата во Рафа пред Меѓународниот суд на правдата
Израел ја бранеше својата офанзива во Рафа пред Меѓународниот суд на правдата откако Јужна Африка побара од судиите да ја прекинат операцијата и израелската армија целосно да се повлече од палестинската територија.
Службеникот на израелското Министерство за правда, Гилад Ноам, го нарече случајот со Јужна Африка, кој го обвинува Израел за кршење на Женевската конвенција, „целосно одвоен од фактите и околностите“.
„Овој случај го исмева грозоморното обвинение за геноцид“, рече Ноам.
Неколку произраелски демонстранти се собраа пред судот пред израелската презентација држејќи фотографии од заложниците киднапирани од Хамас на 7 октомври.
Повеќе од 35.000 Палестинци се убиени во седуммесечната израелска офанзива против палестинската енклава, објавија нејзините власти во четвртокот.
Амбасадорот на Јужна Африка во Холандија, Вусимуза Мадонсела, побара од судот да му нареди на Израел „веднаш, целосно и безусловно да ги повлече своите трупи од целиот Појас Газа“.
Јужноафриканскиот правен тим ја претставува израелската воена операција како дел од геноциден план ,чија крајна цел е уништување на палестинскиот народ.
Во минатите пресуди судот нареди да спречи геноцид врз Палестинците иако не нареди прекин на нападите.