Европа
Русија најави отворање на хуманитарни коридори во неколку градови во Украина
Русија денеска ќе отвори нови хуманитарни коридори низ неколку украински градови, со цел да се овозможи евакуација на цивили, јавува Би-би-си.
Според руското Министерство за одбрана, прекин на огнот ќе биде воспоставен од 10 часот по локално време, а рути за евакуација се поставени во Киев, како и во Харков, Мариупол и Суми.
Украинските власти допрва треба да ги потврдат овие наводи.
За време на викендот пропаднаа двата обида да се отвори рута што ќе им овозможи на цивилите да се евакуираат од Мариупол на југоистокот на земјата, потсетува Би-би-си.
Украинските власти соопштија дека тоа се случило бидејќи Русија продолжила да го гранатира градот во договорените часови на прекинот на огнот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Пожар зафати хотел во ски-центар во Турција, најмалку шест мртви
Во пожар во хотел во ски-центар во северозападна Турција загинаа шест лица, а 31 беа повредени, јави државната телевизија ТРТ.
Пожарот избувна на четвртиот кат од хотел со 11 ката во ски-центарот Карталкаја во Болу рано наутро во вторникот, а пожарникарите се уште работат на гаснење, изјави за ТРТ гувернерот на Болу, Абдулазиз Ајдин.
#BREAKING At least 234 guests at Grand Kartal Hotel in Kartalkaya in Bolu, Turkey where fire broke out, governor says. At least 10 dead, 32 injured. #Bolu #Kartalkaya #Turkiye #Fire pic.twitter.com/DIZWM1u8EB
— 𝐉𝐨𝐮𝐫𝐧𝐚𝐥𝐢𝐬𝐭 (@HamdiCelikbas) January 21, 2025
Тој рече дека причината за пожарот не е позната, но дека властите ќе истражат, додавајќи дека пожарот започнал на подот од ресторанот. Во хотелот имало 234 гости, додаде гувернерот.
Европа
Папата го критикува планот на Трамп: „Срамота“
Папата Франциско ја критикува најавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека ќе почне построго спроведување на антиимиграциските мерки, вклучително и депортации, по преземањето на функцијата.
Во интервју за италијанската телевизија „Канал 9“, папата рече дека би било срамота доколку Трамп продолжи со најавениот план, објави „Ројтерс“ во понеделникот додавајќи дека користењето остри зборови е невообичаен начин на комуникација за поглаварот на Католичката црква.
Франциско, духовниот водач на 1,4 милијарда католици, обично внимателно ги избира зборовите кога зборува за политички прашања.
Тој смета дека со овој план „мигрантите, кои немаат ништо, ќе ја платат неплатената сметка“.
„Тоа не функционира. Така не го решавате проблемот“, рече папата.
Европа
Се судрија два брода на реката Елба, 11 повредени
Единаесет лица се повредени кога транспортен брод се судри со траект на реката Елба во северниот германски пристаништен град Хамбург, соопштија денеска пожарникарите.
Едно лице добило повреди опасни за животот, изјави портпаролот во близина на местото на несреќата. Бродовите се судрија рано утрото во близина на мостот „Колбранд“ во југозападниот дел на Хамбург.
Причините за несреќата сè уште не се познати.