Свет
Русија поднесе жалба против Украина до Европскиот суд за човекови права
Москва ја поднесе првата меѓудржавна тужба против Украина во врска со настаните од 2014 година, изјавија за ТАСС од канцеларијата на рускиот државен јавен обвинител.
„На 22 јули, Руската Федерација поднесе до Европскиот суд за човекови права меѓудржавна тужба против Украина заснована на Член 33 од Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи“, соопшти прес-службата на обвинителството.
Од канцеларијата на државниот јавен обвинител посочуваат дека тужбата се однесува на настаните што следеа по пучот во Украина во февруари 2014 година.
Според соопштението, тие бараат судиите да ја разгледаат одговорноста на украинските власти за смртта на цивили, нивното незаконското затворање и суровиот третман кон луѓето како во Мајдан така и последователно во конфликтот во Донбас.
„Тужбата има за цел да го сврти вниманието на Европскиот суд за човекови права и на целата глобална заедница кон бесрамна и систематска повреда на човековите права од страна на украинските власти, да се евидентираат бројните случаи на кривични дела во меѓународната правна рамка, да се принудат украинските власти да престанат да извршуваат такви дела, да спроведат соодветна истрага и веднаш ги изведат сторителите пред лицето на правдата, покрај враќањето на мирот и хармонијата во Украина “, се нагласува во соппштението од канцеларијата на државниот јавен обвинител.
Покрај тоа, во тужбата се бара судот да ја испита практиката на потиснување на слободата на говорот и прогонот на неистомисленици во Украина со забрана за работа на медиуми, интернет-платформи и со таргетирање новинари.
Цитирајќи ја актуелната политика на Киев за исфрлање на рускиот јазик од секојдневниот живот со закони со кои се бара украински јазик да се користи во различни опкружувања, руските власти велат дека нивната тужба опфаќа „дискриминација на руското говорно население и отстранувањето на јазикот од јавната сфера “.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во лизгањето на земјиштето во Индонезија 25 луѓе го загубија животот
Спасувачите денеска ги прекинаа операциите за пребарување на жртвите во лизгањето на земјиштето во индонезиската покраина Западна Јава, откако беа пронајдени 14 тела на вториот ден од операциите, со што вкупниот број потврдени жртви достигна 25, пренесе ДПА, повикувајќи се на официјален претставник.
Обилните дождови што почнаа еден ден претходно предизвикаа лизгање на земјиштето вчера изутрината во близина на село во округот Западен Бандунг.
Официјални претставници изјавија дека до 80 лица се уште се водат како исчезнати.
„Сите тела беа евакуирани до 16 часот во центарот за идентификација на жртвите од катастрофата. Подоцна во текот на денот, спасувачките операции беа прекинати поради безбедносни причини, бидејќи условите на теренот во погодената област останаа нестабилни и постоеше ризик од понатамошно лизгање на земјиштето“, изјави Аде Диан Пермана, раководител на службата за пребарување и спасување во Бандунг.
Лизгањето на земјиштето често се случува во Индонезија за време на дождовната сезона, особено во густо населените и планински области на Јава, најнаселениот остров во земјата, пренесе ДПА.
Свет
Зеленски побара од сојузниците повеќе муниција за одбрана на Укаина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска побара од сојузниците повеќе муниција за противвоздушната одбрана на Украина со цел подобро да се спротивстави на руските напади, што оставија стотици илјади жители на Киев без електрична енергија и греење сред зима.
„Само оваа недела, Русите лансираа повеќе од 1.700 борбени беспилотни летала, повеќе од 1.380 наведувани бомби и 69 ракети од различни видови. Затоа ракетите за системите за противвоздушна одбрана се потребни секој ден, и ние продолжуваме да соработуваме со САД и Европа за да обезбедиме подобра заштита на нашиот воздушен простор“, рече Зеленски по пристигнувањето во Вилнус, објавија француските медиуми.
Зеленски во Вилнус се сретна со претседателот на Литванија, Гитанас Науседа. На средбата станало збор за поддршката на украинскиот енергетски систем и воената соработка меѓу двете земји.
Свет
Поради снежно невреме повеќе од 700.000 домови во САД останаа без струја
Снежно невреме го погоди поголемиот дел од САД, оставајќи стотици илјади луѓе без струја, додека влошување на временските услови се очекува и во областите на Њујорк, Филаделфија и Вашингтон.
Најтешко погодени се државите Мисисипи, Луизијана и Тексас, каде што околу 730.000 домаќинства останаа без струја, а се проценува дека дури 190 милиони луѓе се изложени на ризик од прекини во снабдувањето со електрична енергија и греење.
Невремето зафати површина од околу 3.000 километри, од Ново Мексико до Мејн, а во неколку држави е прогласена вонредна состојба. Снежните врнежи и мразот предизвикаа големи проблеми во сообраќајот, затворање на патиштата и откажување на илјадници летови.
Властите ги повикуваат граѓаните да останат дома, додека центри за затоплување на населението се отворени во Њујорк и Вашингтон.

