Свет
Русија протера двајца вработени во холандската амбасада

Руското Министерство за надворешни работи објави денеска дека протерало двајца вработени во холандската амбасада во Москва, пренесува РТ.
„Му кажавме на претставникот на холандската амбасада дека руската страна донесе одлука водејќи се од принципот на реципроцитет да протера од Руската Федерација двајца дипломатски службеници на холандската амбасада во Москва. Тие ќе бидат обврзани да ја напуштат руската територија во рок од две недели“, се вели во соопштението на руското Министерство.
Привремениот холандски амфасадор Јост Рајнтјес беше повикан во руското Министерство за надворешни работи во понеделникот. Министерството го изрази својот решителен протест против неоснованото протерување двајца руски дипломати од Холандија во декември.
Во декември 2020 година руската амбасада во Хаг вети дека ќе возврати откако Министерството за надворешни работи на Холандија прогласи за персона нон грата двајца вработени во руската дипломатска мисија за наводни активности некомпатибилни со нивниот дипломатски статус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Украинскиот парламент усвои резолуција со која се потврдува легитимитетот на Зеленски

Украинскиот парламент усвои резолуција со која се потврдува легитимноста на Володимир Зеленски како претседател, а во исто време ја отфрла можноста за одржување избори до крајот на војната.
Ова се случува по изјавите на американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин, кои сугерираа дека владеењето на Зеленски е нелегитимно бидејќи не се одржани избори во Украина.
Украинската Рада ја усвои резолуцијата на втор обид откога вчера немаше доволно гласови за поддршка за нејзино усвојување, јавува „Еј-би-си њуз“.
Зеленски во неделата рече дека ќе се повлече ако тоа донесе мир во Украина додавајќи дека тоа ќе го стори дури и ако тоа значи дека неговата земја ќе добие членство во НАТО.
Свет
Кремљ: Ја поздравуваме балансираната позиција на САД на гласањето во ОН

Кремљ го поздрави, како што рече, балансирниот став на САД за гласањето на Вашингтон во ОН, заедно со Москва, против резолуцијата за Украина подготвена од Киев и Европејците, со која се осудува рускиот напад врз земјата.
„Забележуваме дека САД усвојуваат многу побалансирана позиција, која реално се концентрира на напорите насочени кон решавање на украинскиот конфликт“, изјави за новинарите портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.
„Го поздравуваме тоа. Оваа балансирана позиција сведочи за вистинската желба да се придонесе за решение“, додаде Песков.
Тој рече дека не гледа никакви знаци на рамнотежа меѓу Европејците, кои ја поддржаа резолуцијата за Украина, со која се осудува Москва, гласајќи против САД.
„Можно е по контактот меѓу Европејците и Американците, на еден или друг начин, Европа да гравитира кон поголема рамнотежа“, рече Песков.
Вчера, на третата годишнина од почетокот на руската инвазија на Украина ОН гласаа за три резолуции за земјата во две нејзини тела – Генералното собрание и Советот за безбедност – во гласањето што сигнализира пресврт на американската позиција по ова прашање.
Генералното собрание вчера усвои две резолуции, едната подготвена од Украина и европските земји, за кои САД гласаа против заедно со Русија и 16 други земји, и другата предложена од САД, но која беше ставена на гласање со многубројни амандмани за да вклучи осуда на Русија за конфликтот, а САД беа воздржани.
Потоа, САД го доставија својот оригинален текст на резолуцијата до 15-члениот Совет за безбедност на ОН, во кој се повикува на брз мир во Украина, без упатување на нејзиниот територијален интегритет или осуда на Русија, и беше изгласана од САД и Русија, а четири земји од ЕУ и Велика Британија беа воздржани. Ниту Франција ниту Велика Британија, две од петте постојани членки на Советот за безбедност (другите две се САД, Русија и Кина), не стави вето.
Свет
Песков: Треба да се помине долг пат за да стекнеме доверба во Америка

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Русија верува во себе и за да се зборува за доверба во Соединетите Американски Држави (САД), мора да се помине долг пат. „Мораме да развиеме мерки за враќање и зајакнување на меѓусебната доверба“, им рече Песков на новинарите, пренесе агенцијата РИА.
Тој нагласи дека лидерите на Америка покажале политичка волја да го обноват дијалогот со Русија, кој практично беше спуштен на нула за време на претходната администрација.
Преземени се мерки за нормализирање на дијалогот, пред сè, за нормализација на работата на нашите дипломатски ресори на реципрочна основа“, рече Песков.
На прашањето на новинарите да ги коментира наводните планови за распоредување мировни сили во Украина тој нагласи дека разговорите за можни заеднички проекти меѓу Америка и Русија и економската соработка меѓу двете земји ќе дојдат кога ќе се реши ситуацијата во Украина.
„Ќе има време да се разгледаат можните проекти за трговска, економска и инвестициска соработка. Има многу широки изгледи за тоа“, рече Песков.
Тој оцени дека пристапот на ЕУ кон Украина може да се промени по контактот меѓу Америка и Европа.
„Изјавите на Европејците од Киев сè уште не даваат сигнали за балансиран пристап, но можеби врз основа на резултатите од контактите меѓу Европејците и Американците, Европа некако ќе гравитира кон поголема рамнотежа“, рече тој, пренесе „Танјуг“.