Свет
Русија се повлекува од СЗО и СТО
Руската влада го започна процесот на еднострано повлекување од неколку меѓународни организации, вклучително и од Светската трговска организација (СТО) и Светската здравствена организација (СЗО), изјави заменик-претседателот на Долниот дом на Федералното собрание, Пјотр Толстој.
Ќе ги преиспитаме нашите меѓународни обврски и договори од кои сега немаме никаква корист, туку само директна штета.
„Министерството за надворешни работи испрати список на тие договори до Собранието, а ние ќе го анализираме и ќе предложиме да се повлечеме од нив“, рече Толстој, пренесува „Политико“.
На 10 мај европските членки на СЗО поддржаа резолуција со која се повикуваат Обединетите нации да одлучат да го преместат европското седиште на Канцеларијата за незаразни болести од Москва и привремено да ги прекинат сите регионални состаноци што ќе се одржат во Русија.
Рускиот помошник-министер за здравство Андреј Плутницки тогаш изјави дека усвојувањето на ваквата резолуција е грубо кршење на Статутот на СЗО.
Предлогот за повлекување од СТО во руската Дума беше даден уште во март, откако група западни земји одлучија да ги укинат трговските привилегии на Русија поради инвазијата на Украина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО
Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
„Руската Федерација никогаш не била закана за НАТО. Ние немаме ниту геополитички ниту воени интереси да ги нападнеме земјите од блокот, ние едноставно го штитиме нашиот народ на нашите историски територии“, рече Шојгу на состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на Шангајската организација за соработка (SCO) во главниот град на Казахстан, Астана.
Шојгу нагласи дека Русија секогаш вложувала максимални напори за одржување на стратешката стабилност и рамнотежа на силите во светот, пренесува Интерфакс.
Свет
Трамп: Подготвен сум да го обновам конзервативниот сојуз со Орбан
Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека е подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Во видео пораката Трамп изјави дека со нетрпение очекува блиска соработка со Орбан кога, како што наведе, повторно ќе положи заклетва како 47-ми претседател на САД, пренесе АП.
Во својата порака Трамп го нарече Орбан голем човек и истакна дека додека бил претседател на САД, работел со него на подобрување на вредностите и интересите на САД и Унгарија.
Свет
Блинкен пристигнува во Израел, седми пат од почетокот на војната
Американскиот државен секретар во вторник ќе го посети Израел, седми пат по нападот на палестински Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и војната што следеше со израелскиот одговор во Појасот Газа.
Јавниот сервис Кан објави дека Блинкен ќе дојде во Израел за да разговара за најавената операција на израелската армија во Рафах, како и за напорите да се обезбеди пауза во борбите и да се ослободат повеќе од 100 заложници кои ги држеше Хамас.
Блинкен моментално е во посета на Кина.