Свет
Русија со протестна нота до американскиот Стејт департмент за проблемот со визата на Кузнецова

Руската амбасада во САД вложи протестна нота до Стејт Департментот на САД во врска со проблемот со издавање виза за руската тенисерка Светлана Кузнецова, објави руската дипломатска мисија во својата Фејсбук профил, пренесува ТАСС.
„Вложивме протестна нота до Стејт департментот со барање да запрат со дискриминаторската политика околу издавањето визи за руските учесници на меѓународни спортски турнири”, се вели во соопштението.
Според Руската амбасада, Кузнецова е уште една жртва на административните процедури за добивање американска виза.
„Изразување презир кон континуираната практика на попречување на учеството на нашите спортисти на големите спортски турнири кои се одржуваат на територијата на САД”, изјави руската дипломатска мисија.
Кузнецова во четвртокот објави дека нема да може да ја брани својата шампионска титула на турнирот WTA (Женски тениски асоцијација) во Вашингтон следната недела. Таа беше принудена да се повлече од натпреварот поради проблем со добивањето американска виза.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Макрон: Се надевам дека го убедив Трамп да не води трговска војна со ЕУ, туку со Кина

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека се надева оти го убедил американскиот претседател Доналд Трамп да не води трговска војна против Европа, туку да се фокусира на Кина.
„Не можете да имате трговска војна со Кина и Европа во исто време, се надевам дека го убедив во тоа“, изјави Макрон за Фокс њуз по средбата со Трамп во Вашингтон, пренесува бриселскиот портал Политико.
Макрон изјави дека за Вашингтон „приоритет е да се воведат царини за Кина“ и дека истовремено водење трговска војна со Европа би било против интересите на САД. Францускиот претседател рече дека се обидел да го убеди Трамп да не воведува царини, нагласувајќи дека Европа не направила ништо за да ја заслужи американската одмазда, пренесува Танјуг.
„Му реков на Трамп дека ДДВ не е царина и дека Европската унија никогаш не воведувала царини за увоз од Америка“, рече Макрон. Тој нагласи дека европските земји нема да можат да ги зголемат трошоците за одбрана, како што бара Трамп, доколку се соочат со трансатлантска трговска војна.
Свет
Ватикан: Папата Франциско и понатаму е критично, но е стабилен

Папата Франциско, кој беше хоспитализиран во римската болница Гемели поради пневмонија, и понатаму е во критична состојба, но е стабилен и немал никакви респираторни кризи, соопшти денеска Ватикан.
Тој е во болница од 14 февруари, што е негов најдолг престој во болница откако е избран за папа, објави Ројтерс.
Вчера Ватикан објави дека состојбата на папата и понатаму е критична, но дека има „маргинално подобрување“ и дека „благата бубрежна инсуфициенција“, која првпат беше пријавена во текот на викендот, не е причина за загриженост.
Регион
Рама: На автопатот кој ги поврзува Дебар и Тирана нема да се наплаќа патарина

На автопатот „Патот на Арбр” (Руга е Арбрит) кој се протега од граничниот премин „Блато” кај Дебар до Тирана нема да се наплаќа патарина, објави албанскиот премиер Еди Рама, во директна комуникација со граѓаните на неговиот поткаст, „Очи во очи” на Фејсбук.
– Иако е дел од јавно-приватно партнерство (ЈПП), патарина нема да ја плаќаат ниту албанските граѓани, ниту странците, во време на мојот мандат. Овој пат е финансиран со албански средства. Како што се случува во многу земји во светот, на сите патишта може да се наплаќа патарина, но не и Патот на Арбр, додека сум јас на чело на владата – рече Рама.
Автопатот за сообраќај беше пуштен на крајот од ноември 2021 година, но поради изградбата на тунелот Муриз, сообраќајот на тој дел се пренасочуваше и патувањето траеше подолго.