Европа
Русија ја предупреди Јапонија: Ќе има одмазднички мерки ако поморските вежби со САД се прошират до границите на Русија

Русија ја предупреди Јапонија и се закани со одмазднички мерки доколку заедничките поморски вежби со САД се прошират во близина на источните граници на Русија, пишува Си-ен-ен.
Оваа закана е само продолжение на конфликтот Москва – Токио. Москва е бесна затоа што Јапонија ѝ даде недвосмислена поддршка на Украина и се доближува до земјите членки на НАТО. Русија и Јапонија, всушност, имаат нерешени односи од крајот на Втората светска војна поради островите што тогаш беа окупирани од советските сили, анализираат медиумите.
Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Игор Моргулов, изјави дека американско-јапонските поморски вежби се потенцијално офанзивни по природа, според извештајот на руската државна новинска агенција „РИА новости“.
„Ваквите постапки на јапонската страна ги гледаме како закана за безбедноста на нашата земја“, рече Моргулов.
„Доколку таквата практика се прошири, Русија ќе преземе одмазднички мерки во интерес на зајакнување на своите одбранбени капацитети“, додаде тој.
Сепак, не прецизира за кои американско-јапонски вежби станува збор, ниту експлицитно наведе како би можело да изгледа руската одмазда.
Морнариците на САД и на Јапонија минатата недела ги завршија заедничките вежби во Источното Кинеско и во Филипинското Море.
Претходно во месецот, американската војска спроведе слични заеднички вежби во Јапонското Море, каде што Русија има долг брег. Според американската морнарица, САД и Јапонија рутински одржуваат заеднички поморски вежби во Индопацификот за да се одржи стабилноста во слободниот и отворен регион.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин