Свет
Русија ќе го ратификува Парискиот климатски договор годинава
Русија планира да се вклучи во глобалните напори за намалување на емисиите на стакленички гасови со конечно ратификување на Парискиот климатски договор пред крајот на годинава, изјави рускиот вицепремиерот Алексеј Гордеев, пренесува РТ.
Гордеев исто така го пофали Парискиот климатски договор како одржлива меѓународна правна основа за долгорочна регулација на климата. Според него, Русија има амбициозен план за намалување на емисиите на стакленички гасови до 75 отсто од нивоата во 1990 година до 2019 година. Русија исто така има цел да ги задржи емисиите на гасови на исто ниво во следните 35 години.
Русија, петти најголем светски емитувач на стакленички гасови, го потпиша Парискиот климатски договор, чија цел е ограничување на глобалното затоплување до 2 Целсиусови степена во април 2016 година заедно со други земји. Во ноември 2016 година руската влада воведе план за ратификација, вклучително и оценка на економските ефекти од договорите и можните промени во енергетската политика.
Раководителот на Програмата за климатски и енергетски работи на WWF Russia, Алексеј Кокорин, го пофали планот за брзо ратификување на документот.
„Русија само треба да продолжи да ги спроведува своите планови за одржлив развој, кои вклучуваат зголемување на енергетската ефикасност или модернизација на термоелектраните до 2030 година. Ова ќе биде многу пристоен придонес“, рече Кокорин.
Тој додаде дека ратификувањето на Парискиот климатски договор ќе им помогне на руските претпријатија да учествуваат во проектите за одржлив развој и да привлечат нови инвеститори.
Досега 184 држави и ЕУ го ратификуваа Парискиот климатски договор. Меѓутоа, САД станаа единствената земја што се повлече од глобалните напори за справување со емисиите.
Во август 2017 година американскиот претседател Доналд Трамп го објави повлекувањето на земјата од Парискиот климатски договор во согласност со ветувањата од неговата кампања и политиката „Америка, пред сè“ велејќи дека тоа ќе им помогне на американските индустрии, особено на рударството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Либанците да останат во својата земја, повика папата Лав Четиринаесетти
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав Четиринаесетти денеска ги повика Либанците да „останат“ во својата земја, каде што економскиот колапс ја засили масовната емиграција, и повика на „помирување“ за надминување на длабоките поделби во Либан.
Папата, кој дојде во Бејрут од Турција, донесе порака за мир во Либан, земја која стравува од враќање на отворениот конфликт со Израел.
Во говорот во претседателската палата кратко по неговото пристигнување, папата ја нагласи потребата да се работи за „мир“ без да ги спомне регионалните тензии или неодамнешните израелски бомбардирања.
Тој, исто така, ја нагласи потребата властите и институциите да препознаат дека „општото добро е поголемо од доброто на која било група“ и ја повика владејачката класа да „му служи на народот со посветеност и преданост“.
Свет
Зеленски: Ова се важни денови за Украина
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски објави дека денеска разговарал со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
„Разговарав со Марк Руте и ќе разговараме повторно во наредните денови. Ова се важни денови и многу работи можат да се променат. Тесно се координираме и во нашите активности и во активностите на сите партнери, заедничките акции, заедничките позиции ќе бидат исклучително ефикасни. Ви благодарам за вашата поддршка“, напиша Зеленски на Телеграм.
Тој наведе дека телефонски разговарал со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
– Продолжуваме да бидеме во целосна координација со Европската комисија, благодарен сум за поддршката. Разговаравме за ситуацијата во дипломатијата и имаме заеднички став за клучните прашања. Исто така е важно што Урсула е многу внимателна кон потребата од зајакнување на нашата отпорност во услови на постојани руски напади врз инфраструктурата и енергијата. Ја ценам подготвеноста да ѝ се помогне на Украина!, напиша Зеленски.
Свет
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан во рамки на неговата прва турнеја во странство, објави ДПА.
Светиот Отец пристигна попладнево во либанскиот главен град Бејрут, по посетата на Турција.
Посетата на папата се смета за причина за надеж за мир и стабилност во земјата загрозена од воени конфликти и зафатена од кризи.
Тој ќе се сретне со либанските лидери, ќе посети христијански објекти и ќе одржи литургија. Околу 30 отсто од населението на Либан се христијани, додека мнозинството жители се муслимани.

