Европа
Руските олигарси имаат импресивни јахти, а морнарицата користи брод стар 110 години

Рускиот претседател Владимир Путин се декларира како голем патриот во светот, се фали со модерните вооружени сили, а реалноста е всушност поинаква – збогатувајќи се и себеси и луѓето блиски до него, пишуваат медиумите во светот.
Анализираат дека руската морнарица го користи бродот „Комуна“, стар речиси 110 години за да ја испита несреќата на „Москва“, моќниот руски брод, кој наводно бил уништен од Украинците.
И додека морнарицата користи историски бродови, руските олигарси имаат неверојатни јахти, пренесува „Гласот на Америка“.
За работите да бидат подобри, гордоста на руската Црноморска флота, бродот „Москва“, е на дното на морето. Украинските проектили го уништија моќниот руски брод иако Русите тврдеа дека имаат модерен одбранбен систем. Бродот „Комуна“, кој ќе го истражува потонатиот брод „Москва“, бил изграден во 1913 година за време на владеењето на царот Николај Втори, пренесуваат медиумите.
Според нив, руските олигарси, пак, ги поседуваат најдобрите јахти во светот. Еден од нив е оној во сопственост на Алишер Усманов, кој вреди дури 800 милиони долари. Таа јахта вреди повеќе од „Москва“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Германскиот министер за одбрана: Разговорот Трамп – Путин беше неуспешен

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус го критикува телефонскиот разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин нарекувајќи го промашен.
Писториус овие изјави ги даде во програма на ЗДФ. Руските напади врз украинската инфраструктура „не престанаа по овој наводно голем телефонски повик“, рече Писториус.
„Путин игра игра овде и сигурен сум дека американскиот претседател нема да може долго да остане пасивен“, рече тој. Писториус исто така изјави дека ќе дојде време кога Трамп „ќе реагира, ќе мора да реагира“ за да ги зачува „силата и престижот“ на САД.
Разговорот меѓу Трамп и Путин се одржа синоќа и не резултира со целосен 30-дневен прекин на огнот, како што предложија Американците. Сепак, Путин се согласи на привремена пауза во нападите врз енергетската инфраструктура. На тоа се согласи и Киев. Но, денеска веќе се случија напади од двете страни.
Германскиот министер Писториус рече дека е грешка да се исклучи Европа од разговорите меѓу Трамп и Путин бидејќи „на крајот, мирот, ако дојде, мора да биде обезбеден и на европска почва“.
Трамп го пофали разговорот со Путин како многу добар и продуктивен.
Европа
(Видео) Украинците објавија снимка од напад: „Значи, вака изгледа паузата на Путин во нападите?“

Русија синоќа изврши напад со дрон врз електроенергетскиот систем што ја напојува железницата во регионот Днепропетровск во централна Украина, соопшти украинската државна железничка компанија „Укржализиница“.
Делови од железничката мрежа останаа без струја, но сообраќајот не беше во застој, додаваат тие. Откога службите за итни случаи пристигнаа на местото на нападот, Русија го изведе вториот напад познат како double-tap – двоен напад, велат од „Укржализиница“ додавајќи дека нема жртви.
So this is what “an immediate ceasefire on all energy and infrastructure” looks like?
At 1:20 AM, Russia struck @Ukrzaliznytsia‘ energy facilities in Dnipro region—twice, even as firefighters and a rescue train worked. Some railway sections lost power, but trains keep running. pic.twitter.com/yuxODT2iBP
— Ukrainian railways || Укрзалізниця (@Ukrzaliznytsia) March 19, 2025
„Значи, вака изгледа пауза во нападите врз енергетската инфраструктура“, додаваат, алудирајќи на вчерашниот договор на рускиот претседател Владимир Путин да ги запре нападите врз украинската енергетска инфраструктура на 30 дена.
Кремљ објави дека Путин се согласил на ограничен прекин на огнот и веднаш издал наредба до војската да престане да ја напаѓа украинската енергетска инфраструктура на 30 дена.
Европа
(Видео) Русија гранатира болница во Украина, спасувачките служби ги евакуираат пациентите

Руски напад врз болница во североисточниот украински регион Суми принуди евакуација на 147 пациенти, вклучително и девет лица со ограничена подвижност, соопштија украинските власти.
Снимките објавени од Државната служба за итни случаи на Украина во Суми покажуваат оштетена медицинска установа и моментот кога пациентите се евакуирани од погодената зграда. Спасувачките екипи бргу реагираа и го изгаснаа пожарот што избувна по нападот.
Во експлозијата е оштетен и блискиот детски медицински центар, но нема повредени. Во меѓувреме, Русија објави дека нејзините сили ја презеле контролата врз четири населени места во регионот Курск, а Москва продолжува да се обидува да ги потисне украинските трупи, кои држат значителен дел од територијата во регионот по упадот во август минатата година.
Украинските власти претходно објавија дека борбите во регионот Курск сè уште траат, особено во Суџа и околните области.