Свет
Рускиот Врховен суд: ЛГБТ-активистите се екстремисти и активностите на движењето се забранети
Рускиот Врховен суд денеска пресуди дека ЛГБТ-активистите треба да бидат етикетирани како екстремисти поради што членовите на хомосексуалната заедница и трансродовите лица стравуваат дека ќе бидат уапсени и кривично гонети.
Врховниот суд соопшти дека го одобрува барањето на Министерството за правда, според кое „меѓународното социјално движење ЛГБТ“ е означено како екстремистичко и неговите активности се забранети.
Репортерот на „Ројтерс“ беше присутен во судницата кога беше донесена одлуката. Самото рочиште беше затворено за јавноста, но на читањето на пресудата можеа да присуствуваат и новинари.
Овој потег следува по зголемените ограничувања за изразување на сексуалната ориентација и родовиот идентитет во Русија, вклучително и законите со кои се забранува промовирање нетрадиционални сексуални односи и забрана за правна и медицинска промена на полот.
Претседателот Владимир Путин, кој се очекува набргу да објави дека ќе се кандидира за нов шестгодишен мандат во март, долго време се обидува да промовира слика на Русија како чувар на традиционалните морални вредности за разлика од декадентниот Запад.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

