Европа
Руски историчар свирепо ја убил 40 години помладата љубовница
Познат руски историчар признал дека ја убил својата 23-годишна љубовница кога полицијата го фатила како под дејство на алкохол се обидува да ја скрие торбата со делови од нејзиното тело во реката.
„Призна дека е виновен“, изјави адвокатот на 63-годишниот Олег Соколов додавајќи дека неговиот клиент жали поради тоа што го направил и соработува со полицијата.

Како што објавуваат медиумите, Соколов се обидувал во реката да ја скрие торбата со горните екстремитети на Анастасија Јешченко по што полицијата во неговиот стан пронашла распарчано женско тело.
Соколов наводно ѝ признал на полицијата дека ја убил Јешченко за време на нивна расправија, а потоа ѝ ги отсекол главата, рацете и нозете.
Професорот Соколов е познат експерт за Наполеон, а добитник е на престижната француска награда Легија на честа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Десет ранети, тројца мртви во руски ракетен напад врз Украина
Во руски ракетен напад врз источноукраинскиот град Балаклија загинаа три лица, а десет беа повредени, меѓу кои и три деца, изјави во понеделник регионален воен претставник во регионот Харков.
Нападот што се случи ноќеска го погоди центарот на градот, при што беа повредени деца родени во 2007, 2010 и 2011 година, изјави преку апликацијата за пораки Телеграм Виталиј Карабанов, началник на воената администрација на Балаклија.
Деветмина од повредените се хоспитализирани, рече тој.
фото: принтскрин
Европа
Сијарто: Брисел сака да ја преплави цела Европа со мигранти
Само патриотска влада може да ја спаси Унгарија од војната во Украина, од нелегалната миграција и родовата идеологија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
Сијарто предупреди дека унгарската опозиција „ќе ја предаде Унгарија на Брисел“, објави агенцијата МТИ.
„Брисел сака ситуацијата да се влоши, војната да трае уште подолго и да ескалира понатаму. Не им е грижа што илјадници, десетици илјади луѓе умираат на фронтот и што милиони се принудени да ги напуштат своите домови. Не им е грижа што малку по малку целата земја е уништена. Не им е грижа што секој нов ден е ризик од избувнување на трета светска војна“, рече Сијарто.
Според него, парите и оружјето на европските даночни обврзници бесрамно се испраќаат во Украина за потребите на „воената мафија која не објаснила каде потрошила милијарди евра“.
– Влезот на Украина во Европската Унија би бил еквивалентен на увоз на војна, украинска мафија и жито со низок квалитет – рече Сијарто и предупреди дека „Брисел сака да ја преплави цела Европа со мигранти“.
Европа
Орбан: Европа е на работ на војна
Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, денеска изјави дека ситуацијата е опасна и дека Европа е на работ на војна.
Граѓаните на Европа мора да го кренат својот глас, во спротивно европските лидери ќе влезат во војна, рече Орбан, додавајќи дека ги гледа „истите знаци како и пред Првата светска војна“, пренесува МТИ.
Ставот на унгарската влада не е обликуван од интересите на другите, рече Орбан, додавајќи дека се води од интересите на Унгарија и ќе ги промовира само тие интереси, дури и ако тие не се совпаѓаат со интересите на другите.
Тој повика на „искрени и длабоки разговори“, но додаде дека медиумите финансирани од странство не се суверени и не треба да се водат дискусии со нив. Орбан исто така рече дека има многу левичари со кои може да соработува околу важноста на мирот и ги повика Унгарците кои го сакаат мирот да се приклучат.
Во врска со војната во Украина, Орбан оцени дека ниту Русија ниту Украина не се подготвени за мир и дека е потребно влијание од големите сили за преговори. Според него, Украина повеќе не е суверена и преживува благодарение на западната помош.

