Европа
Руски командант: Целта на војната е поголема отколку што се мислеше
Макс Седон, дописникот на московскиот „Фајненшл Тајмс“, го цитира рускиот воен командант Рустам Минекаев кој сугерирал дека целите на руската инвазија на Украина се пошироки отколку што се мислеше.
Минекаев кажал дека една од задачите на руската армија е да воспостави целосна контрола над Донбас и јужна Украина, по што ќе може да се воспостави копнен коридор кон Крим.
Рускиот командант додал дека контролата на јужна Украина ќе отвори друг пат за Придњестровје, каде што како што пишуваат медиумите има случаи на угнетување на населението што зборува руски.
Тоа сугерира дека Русите подготвуваат напад на Одеса, објаснил Седон.
Анализира дека Придњестровје е самопрогласен проруски регион на Молдавија, кој меѓународната заедница го смета за дел од поранешната советска република. Официјалната валута во Придњестровје е рубљата, во неа е сместена руската армија и географски се наоѓа во близина на Одеса, важно украинско пристаниште.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шефот на НАТО: Трамп е во право, Европа е проблем
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска на панел во рамките на Светскиот економски форум во Давос изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп е во право и дека Европа троши премалку за одбрана.
„Тој (Трамп) е во право дека проблемот не е во САД. Проблемот е Европа. Делумно поради него, го видовме ова подобрување во однос на трошењето на европската страна на НАТО. Проблем број еден е што ние сè уште не сме на два процента од БДП во одвојувањето за одбрана“, рече Руте на панелот „Украински појадок“.
Како друг проблем тој посочи дека „два процента не се ни приближно доволни“. НАТО претходно постави цел да троши 2 отсто од БДП за одбрана, а Трамп неодамна изјави дека земјите од НАТО треба да потрошат 5 отсто од домашниот бруто-производ.
Некои официјални лица и аналитичари веруваат дека предлогот на Трамп од пет проценти е намерно висок за да почнат преговорите и очекуваат договорот да биде околу три проценти. „Сега сме безбедни, но НАТО нема да може колективно да се брани за четири или пет години ако останеме на два отсто“, истакна Руте.
Тој додаде дека неговиот претходник Јенс Столтенберг почнал процес, кој ќе заврши во мај или јуни оваа година, „до кога ќе одлучиме што точно ни треба во однос на капацитетот“.
„Сите (земји членки) што не се на 2 процента мора да достигнат 2 процента во следните неколку месеци. Не можеме повеќе да чекаме, а потоа мораме колективно да го засилиме. Ќе одлучиме за точниот број подоцна оваа година, но тој ќе биде значително поголем од 2“, најави Руте.
Европа
(Видео) Русите извршија ракетен напад врз украински град: едно лице загина, 45 повредени
Вооружените сили на Русија синоќа извршија ракетен напад врз украинскиот град Запорожје, изјави Иван Федоров, шеф на регионалната администрација. Според него, во градот се случиле четири експлозии, а во нападот биле погодени и станбени згради, пренесува „Медуза“.
Во рускиот напад загина 47-годишен маж, а повредени се 45 лица, меѓу кои и едно двомесечно бебе, според УНН. Меѓу повредените има и четворица вработени во Државната служба за итни случаи на Украина.
Шефот на регионалната администрација објави фотографии и видеа на кои се гледаат последиците од ракетниот напад. Во описот на видеото Федоров напиша: „Вака изгледа куќа погодена од руски проектил“.
At night, the Russian army launched missile and drone attacks on Zaporizhzhia, targeting residential areas and infrastructure. As of now, one person has been reported killed as a result of this terror. 26 others were injured, including a two-month-old baby.
During the second… pic.twitter.com/RpbdIbBT1K
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) January 23, 2025
Европа
(Фото) Уапсен главниот психијатар на украинската армија: имал станови, неколку луксузни автомобили, многу пари во кеш
Украина го приведе главниот психијатар на својата армија под обвинение за незаконско богатење. Наводно незаконски стекнал околу еден милион евра.
Службата за безбедност на Украина (СБУ) соопшти дека тој одлучувал дали поединците се способни за воена служба. Во соопштението на СБУ не се споменува неговото име, но маж по име Олех Друз претходно бил идентификуван како главен психијатар на украинските вооружени сили.
Друз поседувал три стана во и околу Киев, еден во Одеса, две парцели и неколку луксузни автомобили „бмв“. Инспекторите пронајдоа 152.000 долари и 34.000 евра во готовина при претрес на имотот. Во соопштението се нагласува дека мажот не го пријавил имотот, туку тој бил заведен на име на неговата сопруга, ќерките, синовите и други лица.
Му се закануваат десет години затвор. Тој веќе беше суспендиран во 2017 година бидејќи не ги пријавил своите две СУВ-возила и неколку имоти.
Украина долго време се бори со системска корупција. Во мај украински пратеник беше обвинет за проневера на 260.000 евра, а во 2023 година повеќе од 30 воени офицери обвинети за земање мито и шверцување луѓе надвор од земјата беа отпуштени во антикорупциска чистка.
Минатата година украинскиот парламент гласаше за укинување на воено-медицинските комисии откако неколку функционери беа обвинети за примање мито во замена за ослободување од воена служба.