Свет
САД, Германија, Франција и Велика Британија повикуваат на „деескалација од сите страни“ во Сирија
Соединетите држави, Германија, Франција и Обединетото Кралство повикаа на итна деескалација во Сирија по ненадејната офанзива на бунтовничките фракции предводени од исламистичката група Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС).
Во заедничката изјава, четирите членки на НАТО повикаа на деескалација од сите страни и заштита на цивилите и инфраструктурата со цел да се спречи понатамошно раселување и прекин на хуманитарниот пристап.
„Сегашната ескалација само ја нагласува итната потреба за политичко решение на конфликтот во Сирија, во согласност со резолуцијата 2254 на Советот за безбедност на ОН“, се вели во соопштението на американскиот Стејт департмент, повикувајќи се на резолуцијата на ОН од 2015 година за поддршка на мировниот процес во Сирија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Балтички земји: Воведуваме санкции за грузиски официјални лица поради задушување на протестите
Литванија, Летонија и Естонија заеднички ќе воведат национални санкции против грузиските функционери кои учествуваа во задушувањето на протестите во Грузија, објави денеска естонскиот министер за надворешни работи Маргус Чакна.
„Трите балтички држави заеднички се согласија да воведат национални санкции против оние кои ги задушуваа легитимните протести во Грузија“, напиша тој на мрежата Х.
Во заедничката изјава објавена на социјалната мрежа, министрите за надворешни работи на Естонија, Литванија и Летонија велат дека противниците на демократијата и прекршителите на човековите права не се добредојдени во нивните земји.
Свет
Русија: Москва има негативен став кон мешањето во внатрешните работи на суверените држави
Рускиот заменик-министер за надворешни работи Михаил Галузин ги коментираше плановите на балтичките земји да воведат санкции против грузиските власти, нагласувајќи дека Москва има негативен став кон какви било обиди за мешање во внатрешните работи на суверените држави.
Москва не практикува такво мешање, рече тој, пренесува РИА Новости.
Литванија, Летонија и Естонија заеднички ќе воведат национални санкции против грузиските функционери кои учествуваа во задушувањето на протестите во Грузија, објави естонскиот министер за надворешни работи Маргус Чакна.
Свет
170 Палестинци помлади од 18 години загинаа на Западниот Брег од 7 октомври 2023 година
Најмалку 170 Палестинци помлади од 18 години се убиени во израелските напади на окупираниот Западен Брег, а повеќе од 1.400 се повредени од 7 октомври минатата година, соопшти хуманитарната организација „Спасете ги децата“.
Организацијата наведува дека бројот на палестински деца убиени во израелските напади на окупираниот Западен Брег е двојно зголемен од 7 октомври минатата година, објави Sky News.
Од 170 загинати деца, 70 биле на возраст под 15, а четири на возраст под девет години, се прецизира во соопштението.