Свет
САД го менуваат ставот, Трамп вели дека напредува денуклеаризацијата на Северна Кореја

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека Северна Кореја остварува напредок во ликвидацијата на нејзината нуклеарна програма.
Говорејќи на работен состанок, Трамп истакна дека Пјонгјанг се придржува кон договорот постигнат за време на средбата со севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, во Сингапур.
Ова тврдење драстично се разликува од она што претходно го изнесе советникот за националната безбедност, Џон Болтон, кој рече дека Северна Кореја не ги презела неопходните чекори кон денукларизација.
Претседателот на САД истовремено навести и дека Кина би можела да има улога во забавување на процесот, но не изнесе детали.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Еруптира вулкан во Индонезија, исфрла пепел во висина од 9,5 километри

Еруптира вулкан во Индонезија, а пепелта достигнала висина од 9,5 километри. Властите го кренаа статусот на тревога на највисоко ниво и ги повикаа туристите и локалното население да се држат настрана.
Планината Левотоби Лаки-Лаки, вулкан со два врва висок 1.584 метри на туристичкиот остров Флорес, еруптираше вчера во 17:35 часот по локално време.
BREAKING: Mount Lewotobi Laki-laki in Indonesia has erupted 🌋
"There was an eruption of Mount Lewotobi Laki-laki on Tuesday, June 17, 2025, at 17:35 WITA with an observed ash column height of ± 10,000 m above the peak (± 11,584 m above sea level)," said the Volcano Observation… pic.twitter.com/lpWZnHQwk1
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) June 17, 2025
Индонезиската геолошка агенција соопшти дека евидентирала дека вулканот испуштил густи сиви облаци, по значајни вулкански активности, вклучувајќи 50 за два часа, наместо вообичаените дневни 8 до 10 активности. Висината на ерупцискиот столб е забележана на приближно 10 километри над врвот. Столбот од пепел е забележан како сив со густ интензитет, се вели во соопштението.
Агенцијата, исто така, го зголеми нивото на тревога за вулканот на најопасно, предупредувајќи за потенцијални лавински текови доколку врне обилен дожд.
Нема извештаи за штети или жртви.
Шефот на агенцијата за геологија, Мухамед Вафид, рече дека жителите и туристите треба да избегнуваат извршување какви било активности во радиус од најмалку седум километри од кратерот на вулканот.
Свет
Кремљ: Руската понуда сè уште е на маса, но Израел засега не е заинтересиран за мирно решение

Кремљ изјави дека гледа дека Израел не сака посредништво во конфликтот со Иран, кој влегува во својот петти ден по ред, во она што Москва го нарече „галопирачка ескалација“.
Израел го започна конфликтот со изненадувачки напад минатата недела во кој беа убиени речиси сите врвни воени команданти на Иран и неговите водечки нуклеарни научници. Иран одговори со серија напади врз израелски градови.
Русија повика на воздржаност
Во разговор со новинарите, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги повика двете страни на „максимална воздржаност“.
„Ситуацијата продолжува брзо да ескалира. Нивото на непредвидливост е апсолутно“, рече тој.
Песков рече дека понудата на Русија да посредува меѓу завојуваните страни е сè уште на маса доколку е потребно, но дека Москва видела дека Израел засега не е заинтересиран да бара мирно решение.
Русија потпиша договор за стратешко партнерство со Иран во јануари, но тој не вклучува одредба за меѓусебна одбрана. Москва, исто така, има долгогодишни врски со Израел, но тие се затегнати поради војната на Русија во Украина и бомбардирањето на Газа од страна на Израел.
Песков рече дека руската амбасада во Техеран е во контакт со руските граѓани и им обезбедува опции за евакуација преку соседен Азербејџан.
Свет
Повеќе од 450 мртви во Иран за четири дена, тврди организација за човекови права

Повеќе од 450 луѓе се убиени во изминатите четири дена во израелските напади врз Иран, објави непрофитната организација Активисти за човекови права во Иран (HRANA), која го следи бројот на цивилни и воени жртви од почетокот на бомбардирањето.
Според нивните податоци, 224 цивили се убиени, додека уште 188 се повредени. Покрај тоа, HRANA наведува дека 109 припадници на војската се убиени, а уште 123 војници се ранети.
Имало и 119 жртви чиј идентитет сè уште не е утврден, додека бројот на повредени во оваа категорија е 335. Вкупниот број на жртви, според HRANA, е 452 мртви и 646 ранети.
Иранските државни медиуми сè уште не објавуваат конкретни бројки за бројот на мртви, а поради строгите ограничувања во земјата, новинарите имале тешкотии при пристапот до информации, што дополнително го комплицира независното проверување на вистинскиот број на жртви.