Свет
САД го тргнаа Судан од списокот спонзори на тероризмот
Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, потпиша известување дека се отстранува Судан од списокот државни спонзори на тероризмот, а одлуката стапува на сила од денеска, соопшти американската амбасада во Картум.
„Периодот на известување на Конгресот од 45 дена измина и државниот секретар потпиша известување во кое се вели дека отстранувањето на ознаката ‘спонзор на тероризмот’ од Судан стапува во сила од денес (14 декември) и ќе биде објавено во Федералниот регистар“, напиша амбасадата на својата страница на Фејсбук.
Кон крајот на октомври, американскиот претседател, Доналд Трамп, официјално го извести Конгресот дека неговата администрација ќе го тргне Судан од списокот на спонзори на тероризмот откако Картум им исплати 335 милиони долари на американските жртви на тероризам и на нивните семејства. Се верува дека отстранувањето е дел од тековната политика на САД за нормализирање на односите меѓу Израел и арапскиот свет. Во септември, Картум и Вашингтон постигнаа договор за ова прашање иако ниту една од официјалните страни не ја потврди врската помеѓу тргањето на Судан од црната листа и нормализирање на односите со Израел.
Африканската нација беше ставена на црната листа уште во 1993 година како речиси петгодишно засолниште на Осама бин Ладен во исто време кога водачот на терористичката група Ал Каеда беше вклучен во напади врз цели во САД. Четири години подоцна, Вашингтон воведе санкции против Картум со кои се ограничува можноста на суданските банки да работат со странски партнери.
Напредокот во односите меѓу САД и Судан беше постигнат во август 2019 година, кога новиот премиер Абдалах Хамдок најави почеток на преговори со Вашингтон за отстранување на Картум од црната листа. Подобрувањето на врските се случи откако Судан го основаше Суверениот совет, официјално распуштајќи го Преодниот воен совет, кој дојде на власт откако во април беше симнат од власт поранешниот претседател Омар Башир.
Во март 2020 година Централната банка на Судан соопшти дека САД ги информирале за укинување на сите економски ограничувања, освен неколку санкции поврзани со Дарфур. Кон крајот на октомври, Судан и Израел постигнаа договор за воспоставување на целосни дипломатски односи меѓу двете нации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Смената на режимот во Иран би била најдобрата работа
Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа изјави дека смената на режимот во Иран „би била најдобрата работа што може да се случи“.
– Само зборуваат и зборуваат и зборуваат веќе 47 години – наведе Трамп.
Тој потврди и дека најголемиот носач на авиони во светот „УСС Џералд Р. Форд“ од Карипско Море ќе биде распореден на Блиски Исток. Тој ќе се придружи на носачот „УСС Абрахам Линколн“ и на бродовите разорувачи со наведувачки ракети, кои во регионот се повеќе од две недели.
– Ќе ни треба во случај да не постигнеме договор. Многу брзо заминува – истакна Трамп.
Но, Трамп навести дека е можен договор со Иран и избегнување на воена операција.
– Ако ни дадат прав договор, нема да го сториме тоа – посочи Трамп.
Свет
(Видео) Бродот на Тито настрада на пристаништето во Риека
Вчера во риечкото пристаниште дојде до поморска незгода во која товарен брод удрил во бродот „Галеб“. Несреќата се случила додека „Галеб“ бил приврзан на Ријечкиот лукобран, а во него при маневрирање налетал товарниот брод DENIZ AKAY, кој плови под знамето на Барбадос.
Бродот од Риека требало да исплови за Турција, но по инцидентот сега тоа нема да биде во можност. Капетанот на капетанијата, Дарко Глажар, накратко изјавил дека, според првичните информации, многу е веројатно турскиот брод да имал дефект на погонскиот систем и дека веднаш му е издадена забрана за испловување од пристаништето додека не се утврдат сите потребни факти во овој судир.
Исто така, според првичните информации, нема повредени лица, а штетата на двата брода ќе се утврдува дополнително.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos

