Свет
САД: Жалбениот суд одби да ја суспендира одлуката на судијата Робарт
Окружниот апелационен суд во Сиетл одби, на барање на американското министерство за правосудство, да донесе итна мерка со којашто ќе биде суспендирана одлуката на федералниот судија Џејмс Робарт, а којашто се однесува на целата територија на САД за привремено поништување на привремениот извршен указ на претседателот Доналд Трамп за заштита од тероризам забрана за влегување на американска територија на државјани од седум земји каде мнозинското население е муслиманско.
Според агенцијата Reuters, апелациониот суд го установил рокот за министерството за правосудство за одговор на тужителот кој истекува за приговорот на тужениот. Тој требало да биде даден до понеделник.
Министерството за правосудство во саботата достави во жалбениот суд најава на жалба на одлуката на судијата Џејмс Робарт и побара неговата одлика моментално да биде отповикана до одлука на повисок суд за жалбата на министерството на правосудство и да ја врати на сила извршната уредба на претседателот.
На 27-ми јануари претседателот Доналд Трмап го потпиша извршниот указ 13769 „За заштита на земјата од влез на странски терористи“, со кој во рок од 90 дена се суспендира издавање визи за државјаните на седум муслимански држави: Иран, Ирак, Јемен, Либија, Сирија, Сомалија и Судан. Указот, исто така, и им наложува на Стејт департментот и на Министерството за национална безбедност да го суспендираат распоредувањето на бегалците по сојузните држави на 120 дена, како и на неодреден рок се суспендира прифаќањето бегалци од Сирија.
Исто така, значително е намалена квотата за прифаќање на барателите на азил во САД во фискалната 2017 година, која таму започнува во октомври 2016 година, на не повеќе од 50.000, од претходно планираните 110.000.
Министерството за правосудство на САД напиша во неделата дека одлуката на споменатиот судија, донесена во петокот, нанесува моментална штета на американската јавност и го оневозможува спроведувањето на извршна уредба, а исто така ги доведува во прашање национално-безбедносните процени на претседателот за ризокот кој претставува влегување во земјата на одредени групи и најдобриот начин за намалување на тој ризик.
Министерството за правосудство не објави кога ќе ја поднесе самата жална на деветтиот окружен апелационен суд на одлуката на судијата Робарт. Во поднесокот на министерството за правосудство Трамп е наведен како еден од подносителите во својство на претседател, заедно со секретарот за внатрешна безбедност Џон Кели и државниот секретар Рекс Тилерсон./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

