Свет
САД купуваат 200 милиони дополнителни дози од вакцината на „Фајзер“
„Фајзер“ и германскиот партнер „Бионтек“ во петокот објавија дека американската влада купува 200 милиони дополнителни дози на вакцината против Ковид-19 и би можеле да ја набават и новата верзија на вакцината насочена кон новите варијанти на вирусот.
Со тоа, вкупниот број на дози наменети за Соединетите Држави изнесува 500 милиони, со приближно 208 милиони дози веќе доставени, според владините податоци.
„Фајзер“ минатата година потпиша договор со американската влада за 100 милиони дози на вакцина за речиси 2 милијарди долари, со опција за купување на други 500 милиони дози.
Повеќето од новите дози ќе бидат испорачани до крајот на годината, а останатите 90 милиони ќе бидат доставени до 30 април следната година.
Директорот на Центарот за контрола и превенција на болести во САД во четвртокот рече дека просекот на нови случаи во САД во седум дена пораснал за 53 проценти во однос на претходната недела.
Делта-варијантата на вирусот, најдена во Индија, е присутна во повеќе од 80 проценти од новите случаи на национално ниво.
„Фајзер“ објави претходно овој месец дека компаниите планираат да побараат одобрување од регулаторите на САД и Европа за дополнителни дози на вакцината против „Ковид-19“
Компаниите смислија нова верзија на вакцината насочена кон делта-варијантата, која планираат да ја тестираат во наредните недели, но наведоа дека сегашната вакцина може да обезбеди и заштита од таа варијанта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Украина ги повлекува тенковите Абрамс од борба: Пет од нив веќе се уништени во руските напади
Украина ги повлече од борбата тенковите Абрамс М1А1 испратени до неа од САД, делумно затоа што нападите со руски беспилотни летала ја попречија работата на тие тенкови и затоа што тие се цел на напади, изјавија за АП двајца американски воени претставници.
Засега, тенковите се преместени од првите линии на фронтот, а САД ќе соработуваат со Украинците за да најдат нова тактика за користење на тие тенкови, изјавија заменик-претседателот на Здружениот генералштаб, адмирал Кристофер Грејди и неименуван претставник на одбраната.
САД одобрија испраќање 31 тенк Абрамс во Украина во јануари 2023 година, откако украинските власти побараа нивна испорака, тврдејќи дека тенковите, кои чинат по околу 10 милиони долари, се од витално значење за пробивање на руските борбени линии.
Оттогаш фронтот значително се промени, особено поради употребата на руски извидувачки беспилотни летала, што им отежна на украинските сили да ги заштитат тенковите Абрамс од руски напади, бидејќи беспилотните летала брзо ги откриваат, наведува АП.
Агенцијата додава дека пет од 31 тенк Абрамс веќе се уништени во руските напади.
Свет
Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека сојузниците ќе мора повеќе да се ангажираат за Киев да ја добие поддршката што ја вети Алијансата.
Во четвртокот, на состанокот на непрофитната организација „Атлантски мост“ во Берлин, Столтенберг рече дека членките на НАТО сега треба да го претворат она што и го ветија и обврзаа на Украина во итна испорака на оружје и муниција, објави Киев Индипендент.
„Во последните месеци, членките на НАТО не ја дадоа поддршката што ја ветија“, рече Столтенберг.
Свет
Во Аргентина откриен нов вид диносаурус
Аргентинските палеонтолози објавија дека откриле нов вид диносаурус, наречен Chakisaurus nekul, кој живеел пред околу 90 милиони години во областа на денешна Патагонија.
Chakisaurus nekula е тревојаден диносаурус со средна големина, а фосилот е пронајден во природниот резерват Пуебло Бланко, во јужната провинција Рио Негро, каде што претходно биле пронајдени бројни остатоци од други диносауруси, цицачи и риби.
Се смета дека најголемиот чакисаурус достигнал големина од три метри во должина и 70 сантиметри во висина, а новите студии покажуваат дека овој тип на диносаурус трчал брзо и имал невообичаено закривена опашка, наведува Ројтерс.