Свет
САД: Министерството за правда вложи жалба против суспендирањето на забраната за влез
Американското министерство за правосудство вложи жалба поради привременото суспендирање со кое се понишува на извесен период привремениот извршен указ претседателот Доналд Трамп за влез на територијата на САД на државјани од седум мнозинско муслимански земји.
Американскиот претседател Доналд Трамп во саботата ја нарече пресудата на федералниот судија Џејмс Робарт од Сиетл „смешна“, и вети дека неговата извршна уредба ќе биде вратена на сила.
Во поднесокот на министерството за правосудство Трамп е наведен како еден од подносителите во својство на претседател, заедно со секретарот за внатрешна безбедност Џон Кели и државниот секретар Рекс Тилерсон.
Во меѓувреме американскиот судија го исмеа на Twitter судијата Џејмс Робарт. „Мислењето на ткн судија, кое би требало да биде далеку од нашата зема, смешно и е ќе биде поништено“, напиша Трамп.
Подоцна додаде уште еден твит: „До што нашата земја доаѓа кога еден судија може да ја запре забраната за патувања на Татковинската безбедност, и кој и да е, дури и со лоши намери, може да влезе во САД?“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху најави дека израелските напади врз Иран ќе се интензивираат
Нападите на Израел врз Иран ќе продолжат да се интензивираат, вели израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по состанокот со министерот за одбрана Израел Кац, началникот на Генералштабот на ИДФ, генерал-потполковник Ејал Замир, и шефот на Мосад, Дејвид Барнеа.
„Нашите сили сега напаѓаат во срцето на Техеран со зголемен интензитет, а ова само ќе се интензивира дополнително во наредните денови“, вели Нетанјаху од покривот на седиштето на ИДФ Кирја во Тел Авив.
„Сепак, ова се болни денови“, вели тој, осврнувајќи се на смртоносните ирански напади во Тел Авив и Беит Шемеш.
„Моето срце е со семејствата и во име на сите вас, граѓаните на Израел, им испраќам желби за брзо закрепнување на ранетите.“
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.

