Свет
САД одобрија нов тест за антитела на коронавирус
Американската Агенција за храна и лекови при Министерството за здравство одобри користење на нов тест за откривање антитела на новиот коронавирус.
Тестот покажува резултати за неколку минути откако ќе се земе примерок од носната слузница.
Овој тест на антитела е третиот одобрен од американските здравствени власти. За разлика од други тестови, примерокот можат да го земаат и лица кои не се стручни, и е лесен за користење во активната фаза на болеста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Лукашенко го „освои“ седмиот мандат
Александар Лукашенко, лидерот кој владее со Белорусија три децении, го освои седмиот мандат на избори на кои немаше вистинска конкуренција.
Државните медиуми објавија дека 70-годишниот Лукашенко, близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, според излезните анкети освоил 87,6 отсто од гласовите.
Традиционално, излезните анкети се речиси идентични со подоцнежното објавување на резултатите од изборната комисија.
Со оглед на тоа што опозициските политичари се или во егзил или се затворени, а четворица алтернативни кандидати се сметаат за статисти одобрени од државата на наместени избори, се очекуваше Лукашенко да освои уште еден петгодишен претседателски мандат.
Регион
На вонредна седница во Србија ќе се расправа за доверба на Владата
Претседателката на српскиот Парламент, Ана Брнабиќ потврди дека вонредна седница на Парламентот ќе биде закажана за в среда и дека ќе се расправа за гласање доверба на Владата.
Конечниот дневен ред ќе се знае утре.
Вели дека најважно за неа е пратениците, меѓу другото, да го донесат законот за станбени кредити за млади, кој Владата го испрати во собраниска процедура, а дека за опозицијата е најважно што ќе се расправа за доверба на Владата.
Брнабиќ рече дека тоа ќе било и порано на дневен ред, но дека опозицијата злоупотребила два потписи.
Свет
(Видео) Израелка со македонско потекло е ослободена по 477 дена минати во заробеништво
По 477 дена поминати во заробеништво Наама Леви, Израелка со македонско потекло, беше ослободена од Хамас и вратена во Израел. Таа беше дел од групата четири заложнички кои вчера беа ослободени, а нејзиното спасување ја трогна целата земја.
Леви, која беше киднапирана на 7 октомври 2023 година при нападот на Хамас во Израел, конечно се врати дома благодарение на напорите на израелските власти и поддршката од меѓународната заедница.
„Знаевме дека овој момент ќе дојде. Не се сомневавме. Помина долго време. Очекувавме тоа да се случи и претходно. Но, ова е тоа, тие се враќаат дома“, вели роднина на ослободената заложничка.
По ослободувањето, Леви и другите заложнички беа пренесени со хеликоптер на израелската армија, каде што први ги сретнале нивните најблиски роднини. На видеото што го објави израелската армија, Леви напиша на табла: „Конечно дома“, на англиски и хебрејски јазик.
Македонската врска на Леви потекнува од нејзината чукун баба, Грасиа Бивас, која била родена во Македонија во 1893 година. Баба Бивас, како девојче заминала во Израел, каде што основала семејство и оставила наследство